ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Глоби до 10.000 евра во новиот закон за спречување и заштита од дискриминација

September 28, 2020 13:56
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата до Собранието го испрати новиот предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, кој што има за цел подобрување на законската регулатива и нејзино усогласување со правото на Европската Унија и меѓународните стандарди во однос на заштитата од дискриминација, пренесува Мета.мк.

„Со новиот текст на законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дискриминација при имплементацијата на законот. Во новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита“, пишува во обрaзложението на предлог-законот.

Во него се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки.

Со предлог-законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Се предвидува новата регулатива да се применува на сите државни органи, органите на единиците на локалната самоуправа, правни лица со јавни овластувања и сите други правни и физички лица.

Во новото законско решение се предвидуваат глоби до 10.000 евра за правни лица за кое е утврдено од надлежен орган дека извршило дискриминација.

Next Post

Маричиќ - ди Џовани: Подобрување на системот за правда за децата во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk