ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Утревечер се отвора изложбата на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски

September 30, 2020 11:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„„Таму“ ги отфрла границите – географските, формалните и другите“, вели ирскиот уметник и критичар Конор Мекгрејди за новиот фотогафски опус на Милчо Манчевски.

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски, а притоа ќе биде промовирана и книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“.

Во книгата и изложбата се избрани 88 колор фотографии, создавани во период од десет години по улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас…

„Ги сликам оние моменти што улицата и луѓето ги нудат. Јас сум тука да им бидам на услуга, и да ги артикулирам визуелно. Мигот станува вечност поради уметничката обработка – композицијата, боите, тактилноста… Немам агенда, едноставно го земам фотоапаратот секој ден и шпартам по улиците, каде и да сум во светот. Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш. “ вели авторот.

„Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“ кои исто така беа изложени во МСУ, а потоа патуваа во Њујорк, Шангај, Москва, Стокхолм, Софија, Италија, Франција, Доминиканската Република, Србија, Грција, Хрватска…

„Уметничкиот пристап на Милчо Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и ги избегнува конвенциите. Во „Таму“, тој нѐ води на патување кое е исто толку за чинот на гледање, колку и за сетилното искусување на местото“. Вака пишува во предговорот на книгата, ирскиот уметник и декан на Колеџот за уметност „Бурен“, Конор Мекгрејди, кој понатаму вели:

„Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува „Таму“. Бојата е клучен слој што ги дефинира  овие дела. Избива од полиња урбано сивило, ја заситува перспективата на сликата или функционира како централен елемент во композициски колаж. „Таму“ ги отфрла границите – географските, формалните и другите. Како таква, „Таму“ може да биде каде било, и на крајот е секаде“.

Кураторката на изложбата Бојана Јанева-Шемова смета дека уникатноста на уметничката фотографија на Манчевски е во визуелниот јазик, кој допира до секого поради универзалните емоции кои зрачат од интеракцијата на ликовите, поставеноста на елементите кои ја градат композицијата и колоритот кој напати остава без здив. „Визуелната моќност е присутна во сите негови дела, сугерирана пред сѐ од композициската структура до совршеност донесена во некои дела преку прочистена и смирена симетрија, во некои тенденциозно прекршена со цел да пренесе поинакво чувство. Колку и да се на прв поглед непретенциозни секвенците од „Таму“, при задлабочување полека откриваат слоеви на обмислена идеја, длабоки чувства и силни бои на животот во целост“.

Книгата „Таму“ е мултимедијален книжевно-уметнички проект. Издавачката куќа Антолог и Манчевски го работеа повеќе од две години. Книгата, дело за најпрефинетите сладокусци на фотографијата, спакувани во тврди корици и на хартија со внимателно избран квалитет е печатена во „Датапонс“, а самите фотографии во голем формат за изложбата се печатени во „ПиксПлус“.

Дизајнот на книгата е на Моника Стојчевска, а колор обработката на Александар Петревски и Орце Поповски.

Книгата ќе биде достапна за продажба веќе од 1 октомври во целата дистрибутивна мрежа на „Антолог“, која ги вклучува книжарниците „Антолог“ и електронската книжарница антолог.мк, како и над 30 други продажни места низ целата држава.

Со „Таму“, Манчевски го промовира новиот хештаг #никропнифотошоп (#nocropnophotoshop) со кој посочува дека неговите фотографски дела, не се ниту кропирани, ниту манипулирани во пост-продукција. Тие се моменти на уличното секојдневие естетизирани во мигот на улов.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р. С. Македонија како дел од Годишната програма за 2020 на музејот, а отворањето на изложбата ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија. Книгата е поддржана и од Град Скопје и од Алкалоид.

Next Post

Пратениците попладнево ќе расправаат за потпретседателите на Собранието

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk