ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прва Меѓународна летна школа за права на бегалци и миграција

October 1, 2020 08:50
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет  „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија и со Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо, оваа година за прв пат организира летна школа за права на бегалци и миграција.

Летната школа за 2020 година беше посветена на темата: Предизвици за време на пандемија и претставува можност за студенти од сите три циклуси на студирање да се стекнат со знаење од областа на право на бегалци и миграција. Програмата, која опфаќа 17 предавања и дополнителни попладневни сесии организирани во 5 дена, е дизајнирана да им помогне на студентите критички да размислуваат за прашања поврзани со правата на бегалците и миграцијата во интердисциплинарен и интернационален контекст.

Предавачите на оваа летна школа дојдоа од целиот свет и се од редот на универзитетски професори од областа на општественте науки, како и експерти и практичари од областа на правото за бегалци и миграцијата но и пошироко.

Оваа година летната школа се спроведе преку онлајн платформа за комуникација. Во текот на отворениот повик за летната школа аплицираа над 240 студенти од 45 земји од светот. Од вкупниот број апликанти, можност да присуствуаат на летната школа добија 67 апликанти од 22 држави.

-Организацискиот одбор сметаше дека темата за 2020 година, како дополнување на општата заложба за проширување на знаење, идеи, информации и свест за правата на бегалците и миграцијата, треба да биде посветена на предизвиците за време на пандемија. И иако повикот беше отворен помалку од 30 дена, се покажа дека темата е навистина соодветна бидејќи имавме извонреден број високо компетентни апликанти и забележителен интерес за учество. Поради техничките ограничувања не бевме во можност да ги прифатиме сите апликанти, сепак, ветувамедека ова ќе прерасне во годишна летна школа и наскоро ќе се организират можности за обука и образование во друг формат, изјави по повод отворањето на летната школа проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева, раководителка на Центарот за право на бегалци при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски истакна дека настани како оваа летна школа целат и придонесуваат за интернационализација не само на Центарот, Правниот факултет, Универзитетот, туку и на земјата во целина.

– Со организирање на оваа прва летна школа, ние, на Правниот факултет ја потврдуваме нашата посветеност да ја продолжиме нашата мисија за образование и обука, да ги прошириме и зајакнеме знаењата, да соработуваме и да развиваме меѓународни проекти и да ја подигнеме свеста за важни и прогресивни теми, рече деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, проф. д-р Горан Коевски.

На затворањето на Летната школа, на учесниците им се обрати Помошник Генералниот секретар на ОН и Помошник Висок комесар за заштита при УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, д-р Џилијан Тригс.

-Образованието е едно од најважните решенија за проблемот со нехуманоста што ја гледаме во светот. Се обидуваме да го подобриме образованието за бегалците, но исто така и да го зголемиме пристапот до образование за самите бегалци. Преку Глобалната академска интердисциплинарна мрежа, основана на Глобалниот бегалски форум минатата година, се надеваме да соработуваме со академските институции ширум светот за да изградиме подобри образовни можности за бегалците и да ја промовираме визијата на Глобалниот договор за бегалци. Затоа, ве покануваме сите до еден вклучени во овој курс, заедно со вашите универзитети, да ги поддржите бегалците и да им подадете рака, бидејќи образованието може да спаси животи, рече таа.

Претставничката на УНХЦР во Република Северна Македонија Моника Сандри истакна дека предизвиците на денешницата освен неизвесност ни носат и можности, а изборите што ги правиме денес вистински може да го трансформираат и формираат светот утре, каков што сакаме да го гледаме и заедно да живееме во него, без никој да биде изоставен.

Претставникот на Меѓународниот институт за хуманитарно право од Санремо, Клаудио Делфабро, директор на одделот за меѓународно право на бегалци при Институтот посочи дека заштитата на бегалците не е прашање на милосрдие, туку е прашање на закон, прашање на права и обврски.

Next Post

Утрински преглед на вести: Почнува учебната година, Берлин со силна поддршка за почеток на преговорите со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против вонредна состојба

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk