ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Fratelli Tutti

October 5, 2020 07:09
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Папата Фрањо го осуди “кратковидиот, екстремен, озлобен и агресивен национализам”.

Неговата неделна порака е дел од најновата енциклика “Fratelli Tutti’” (Сите сме браќа) во чие средиште е општествената правда.

Во бројни земји, вели папата, преувеличувањето, екстремизмот и поларизацијата станаа политичко орудие и притоа ги обвини социјалните мрежи дека придонесуваат за пад на стандардите во водењето на јавните расправи.

Нема да се изненадам ако се покаже дека, укажувајки на овие проблеми, Фрањо имал на ум и некои состојби и тенденции на Балканот. Во Македонија и околу Македонија, посебно. Тоа е важно, сеедно што оваа тука е терен на Агатангел и Стево и на затапувачкото православие, а не на католичкиот поглавар.

Погледот е католички, рационален, чист, односно – точен.

Живоин Павловиќ би рекол – кристален!

Притоа, не мислам само на подгревањето на страстите меѓу Софија и Скопје, игра во која Македонците обожаваат да ја гледаат сета историја што ги допира низ призмата на својот пресен национален и државен субјективитет, што претставува израз на една инфантилистично-националистичка агресија врз минатото, додека Бугарите, по кој знае кој пат, го објавуваат својот монопол врз историскиот простор во кој Македонија мисли дека има право да се втемели. Што е исто така акт на националистичка окупација на минатото.

Кое има и други кандидати.

Ако реши да се тури на некакво наддавање.

Се разбира, битката за историјата е битка за сегашноста и за иднината. Во однос на целта таа битка, можеби, не е бесмислена, но во однос на очекувањата, може да биде и, веројатно, е.

Бугарија може своите интереси во Македонија да ги брани и застапува само и единствено преку јакнење на гравитационата моќ и атрактивноста на својата држава, нација и граѓанско општество, како поголеми, постари, поопремени ентитети, работа што заборавила да ја аплицира за време на своето присуство во Втората светска војна, а Македонија, само со одлепување од историските тематики, никако со одбрана на претензиите или со радикализирање на нацијата врз тие основи.

Наместо тоа, Софија успева да ги врати старите нивоа на антибугаризмот од времето на конституирањето на Македонија. А Македонија се враќа кон старата комоција како најпаметното глупаво нешто што може да го стори во оваа време.

Така се вообличува Балканскиот Карабах околу кој војуваат Бугарија и Северна за територијата и супстанцата на  Македонија.

Има ли нешто поглупаво.

Страшно не е затоа што е премногу глупаво.

Просто е неверојатно колку можат Бугарите да работат во корист на сопствената штета. И погрешно да читаат некои знаци од јавниот простор во Македонија.  Државните дела сепак не се за фолкери од типот на Каракачанов. Се разбира, не спорејки дека во смисла на фактите, за многу работи се во право во споровите што ги водат со македонската страна. И за таа работа може и треба да се разговара. На Македонија, пак, и недостига  имагинација за ново поимање на старите нешта, вкопани сме во старите шанци, подгреваме внатрешни страсти и националистички изливи, трошиме енергија, ресурси и време за работи кои немаат, ниту можат да имаат, какви било допирни точки со нашата иднина. Националноста на Гоце Делчев, да речеме. Или на Кирил и Методиј. Освен, евентуално, да ја спречат и компромитираат.

Вмро во Софија бара, вмро во Скопје не дава, тоа е многу добар начин да се истоштуваат државата, нацијата, општеството и луѓето.

Хахаха.

Освен нас, сега и тука, никој не е битен.

Гомбрович им викаше на Пољаците: Ниту Шопен, ниту Кири, ниту Мицкиевич, само ние тука во оваа сала.

Дали се разбираме?

Никакви корени.

Ние сме корени.

Корените се во нас.

Ако не се во нас, ние сме за ниакде.

За нас во Македонија е важно да ги релативизираме, па дури и банализираме тие работи и на тој начин да формулираме и застапуваме нова позиција. Не одбрана на класичниот македонизам, тој е исцрпена категорија, туку битка за новиот живот на луѓето кои по линија на сопствената реализација ќе стигнат да се вообличат во нов македонизам односно во македонизам на новото.

Или нема да успеат.

Тоа е.

Уште пофантастично се вклопуваме во втората констатација на папата, онаа дека  во бројни земји преувеличувањето, екстремизмот и поларизацијата станаа политичко орудие и дека социјалните мрежи придонесуваат за пад на стандардите во водењето на јавните расправи.

Па тоа сме ние, драг мој Фрањо.

Социјалните мрежи и целиот медиумски простор, со се новинарските асоцијации, придонесуваат за пад во водењето на јавните расправи во Македонија, до нивоа кои вашата превозвишеност и светост, не може да ги поими.

Опозицијата во Македонија е продуцент на тоа преувеличување, на екстремизмот, на поларизација (никогаш нема да се договорам со Заев, туф, туф,туф) на производството на стварноста како катастрофа, на лошите очекувања, на нихилизмот, на катастрофизмот, како политичко орудие во битката за власт. Истото тоа го праваше и кога беше на власт само што тогаш катастрофата ја прикажуваше како вознесение, со помош на мрежите што вие ги осудувате. Мислам дека таа позиција нема да им помогне во битката за власта, но затоа со тие дејствија произведуваат страшни последици врз општествената супстанца, тие ја разоруваат заедницата, го уништуваат имуниот систем на нацијата и нејзиното љубопитство, страст и очекувања од иднината.

Тоа не е грешка на опозицијата.

Тоа е систем, основен идеен извор на нејзиното делување.

Значи не битка за промена на стварноста, туку производство на променета стварност за освојување на власта и за докинување на Македонија.

Но, сакам да укажам и на една друга работа: Спротивставувајки се на ваквите политики и тенденции, Македонија израсна во пример како една мала држава, нација и општетство, треба да се бори против екстремизмите и национализмите во себе и околу себе и како може да  успее да се профилира на нов демократски, плурален и модерен начин на новата нормалност.

Ние не сме Фратели Тути, но можеме да бидеме, ако се ослободиме од говњарите во нашите редови или ако успееме да ги превоспитаме, да ги подуплашиме од судбината и од Бога.

Ова им е, што би рекол Игор Мандиќ, мала доза интелектуален отров што има амбиции да ги спаси  од себе. Нешто како вакцина против озлобениот екстремизам и национализам односно идиотизам.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

Next Post

Над 600 нови случаи на Ковид-19 за три дена, причина за нови ограничувања за угостителските објекти

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk