Братучеди, роднини, побратими, пајташи… Ваквите врски веќе долго се познати во партиските структури, посебно во ВМРО-ДПМНЕ. Сите ги паметиме „братучедите фаци“ кои владееја со партијата со години, Сашо Мијалков и Никола Груевски, едниот во „сенка“, другиот на ачик.
Епа, праксата продолжува и кај следбеникот и избраник на азилантот, Христијан Мицкоски.
Пред неколку дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Топ тема призна дека негов прв братучед е назначен за претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје. Мицкоски храбро и гордо додаде дека никој не знаел дека му е прв братучед!
Покрај тоа што Мицкоски докажа дека не смее да зборува за поскапување на електрична енергија, антикризни ковид мерки, почитување на мерки и протоколи, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека не смее да зборува и за непотизам.
Д. Е.