Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата држава, кој го завршува својот мандат. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата на меѓународен план, на домашен план и во областа на економијата, со констатација дека се постигнати значителни резултати во напредокот на државава и во подобрување на животот на граѓаните. Најавено е дека Романија ќе продолжи да ја поддржува нашата држава во евроинтеграциите.
Премиерот Заев се заблагодарилна романската Влада и на амбасадорот Станила лично, за искреното пријателство и за помошта на принципиелно ниво во демократските и евроатлантските процеси на нашата држава.
На состанокот се изразени заеднички определби за натамошен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, како и во рамките на заедничкото членство во НАТО, стои во соопштението.