ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Нова вештачка трева на полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски посочи дека три години работат на проекти и инвестираат во туризмот. Изработена е стратегија за туризам и детектирани се главните потреби во оваа област.

October 10, 2020 11:35
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Реконструирано е полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево, како еден од најголемите туристички потенцијали за авантуристички туризам во Пелагонија и во целата држава. Набавена е и монтирана вештачка трева за полетувалиштето на површина од 2042  квадратни метри во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.

– Во рамки на овој проект сакаме да се подобри искористувањето на туристичките потенцијали на Крушево, како и зголемување на влијанието на Пелагонија како туристичка дестинација. Крушевчани треба да се горди на овој проект кој чини 4 милиони денари, бидејќи ќе придонесе за поголем број туристи од странство во иднина, а со тоа градот ќе има и економскиот раст. Потребно е сите општини во иднина да предлагаат проекти кои ќе се од особено значење за локалните жители се со цел да се подобри животниот стандард, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Заменик-министерот Зоран Димитровски истакна дека Крушево е наш туристички бисер и се надева, како што рече,  местото од каде што е полетувалиштето на Мечкин Камен ќе има големо значење во наредниот период и дека сето тоа ќе има придонес за развојот на економијата во Крушево и воопшто за развојот на туризмот, а за оваа дестинација да се прочуе во светот како една од најзначајните за параглајдерството.

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски посочи дека три години работат на проекти и инвестираат во туризмот. Изработена е стратегија за туризам и детектирани се главните потреби во оваа област.

-Поставувањето на нова вештачка трева и уредувањето на параглајдинг полетувалиштето е проект кој го унапредува ова место каде што секоја година се одржуваат бројни меѓународни натпревари. Тука доаѓаат илјадници спортисти од целиот свет, а новата вештачка трева обезбедува побезбедно полетување и професионална организација на меѓународните натпревари. Горд сум што Крушево станува топ три светска дестинација за авантуристички туризам благодарение на проектите кои ги имплементираме со централната власт, изјави Христоски.

Како што соопшти директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче. на барање на градоначалникот  на Крушево и со средства од Министерството на локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион го имплементираше овој проект со кој  набави и монтира вештачка трева на површина од над  2000 квадратни метри за параглајдеристите.

Во 202 година во Крушево ќе се одржи Светското првенство во змајарство, а од годинава официјално стана тест-центар за еден од најголемите произведувачи на падобрани./МИА/

Next Post

Возач удрил во пешак во село Карбинци и побегнал од местото на несреќата

EVN

НАЈНОВО

Бик во центарот на зодијачки круг со светлосни астролошки симболи и космичка позадина.

Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

March 7, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

March 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Кратово

Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

March 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk