Сашо Тасевски сака да ме навреди така што ме нарекува прво „Неџат“, а потоа, на Фејсбук, ме нарекува „аналитичарот на Заев“. Не можaт да си го простат резултатот од изборите дека Заев победи и оформи влада. Тоа под број еден; под број два: мене ми е комплимент кога ме нарекува Сашето (a и не само тој) „аналитичарот на Заев“.
Заев и даде многу на оваа земја, а со ништо не ја потцени, навреди или упропасти. Настрана што решава свинштини кои други му ги оставија во наследство.
А „аналитичарот“ на Заев ништо не му бара, за разлика од него, кога Заев му беше добар кога Сашето го ставија директор, а потоа Заев не му беше добар кога го сменија. Па така и баба ми знае да си игра политика.
За разлика од нив, јас на Заев ништо за себе не му барам, само му барам да биде спонтан во средина која е исполнета со мрзоволие и некрофилија. Му барам да ни помогне како да си ја ослободиме природноста, човечноста и – барам – да ни го разбуди животниот оптимизам. Ќе успееме, без разлика на денешните кочничари кои сакаат Македонија да не ја биде, само нив да ги биде. А не сфаќаат дека ако Македонија не ја биде и нив нема да ги биде.
Фејсбук објава од Ненад Јовановиќ.