По објавата на идејата да се инсталираат камери со цел снимање на загадувачи во источниот дел на Скопје, добив покана да ја посетам цементара за да се запознаам подобро со нивните активности и да започеме дијалог.
5 главни белешки од состанокот со раководството на Цементара Усје:
1) Денес се сретнав со директорот, како и лица одговорени за техничкиот дел и екологијата
2) Од нивна страна ми беа приложени мерења направени од 2 независни лаборатории за загадувањето на амбиенталниот воздух. Дополнително, ми беше кажано дека тие извршуваат мерења на секои 2-3 дена во околината на фабриката, а континуирани мерења се вршат и на оџаците. Ми беше приложена документација во која пишува дека нема прекорочување на законските норми.
3) Јас предложив да, заедно во соработка со Амбикон лабораторијата за мерење загадувања од УГД Штип (со кои имам прекрасно искуство и голема доверба), изготвиме план за поставување дополнителна мерна опрема што ќе е директно јавно достапна преку сервиси како МојВоздух. Тие сензори, заедно со снимки од проектот за камери, ќе може да покажат дали и какво загадување има од Усје. Не секој дим е загадувач (пример водена паера).
4) Од раководството на Усје ми беше пренесено дека се целосно расположени за поддршка на таков проект, што значи следен чекор е да контактирам со Амбикон и да испитаме на колку локации може да поставиме мерни инструменти за континуиран мониторинг.
5) Големиот план е да се има мерни станици во околината на големи индустриски капацитети, како и во густо населени места што се греат на дрва, со цел да може да се види точно каде колку загадување има. Овој предлог беше доставен до Град Скопје, но и да не биде одобрен/финансиран од градот, ќе најдеме други извори на финансии истите сензори да бидат поставени, а актери како Усје може да помогнат во ова.
Ќе бидам искрен, очекував состанокот да оди во понегативна насока, и за тоа сум навистина позитивно изненаден.
Доколку успееме да реализираме континуирани мерења на загадување од една од поголемите фабрики во скопскиот регион, ќе имаме урнек како да го изведеме тоа и кај другите.
Приказната продолжува, I’ll keep you all updated :))
Фејсбук објава на Горјан Јовановски.