ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Македонија домаќин на 17. издание на Ромскиот театарски фестивал „Garavde Muja“

October 14, 2020 13:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е домаќин на 17. издание на Ромскиот театарски фестивал „Garavde Muja“, што ќе се одржи од 16 октомври до 19 октомври, во организцаија на асоцијацијата Романо Ило од Скопје, под покровителство на Министерството за култура.

Поради пандемијата на Ковид-19, оваа година дел од претставите ќе бидат прикажани онлајн преку платформата  romanoilo.mk-garavdemuja  и на порталот 24Вакти, а три театарски претстави ќе бидат прикажани во Скопје и Штип, на отворен простор, каде можат да присуствуваат до 50 луѓе, согласно протоколите од страна на Министерството за здравство.

-Во 2002 година, кога започна да се организира оваа манифестација, мојот сон беше да стане светски фестивал каде ќе учествуваат различни театарски ансамбли од повеќе земји кои ќе ја претстават театарската уметност на ромски јазик. За жал, за малку сонот не стана целосно јаве. Поради пандемијата на Ковид-19, театарските ансамбли од другите земји се спречени да дојдат во Северна Македонија и да настапат пред македонската публика. Сепак, горд сум што на овогодинешното издание на фестивалот, пријавените учесници онлајн ќе ги презентираат своите театарски проекти“, вели Бранислав Петровски.

На фестивалот ќе биде организирана ромска театарска манифестација на која ќе се презентираат девет премиери и една театарска претстава од 1989 година.

Учесници на фестивалот ќе бидат екипи од Северна Македонија, Германија, Косово, Романија и Србија.

Покрај театарските претстави,  својата монодрама ќе ја презентира и светската ромска филмска актерка Алина Сербан, позната по филмот „Gipsy Queen“, исто така на фестивалот ќе учествува и Неџо Осман со претставата „Рукели“.

На фестивалот ќе учествуваат и режисерите Нада Кокотовиќ од театарот ТКО, Жоро Иванов од Бугарија, Џевдед Дода од Косово и Михаел Лукас од Романија.  Како консултант на фестивалот ќе учествува режисерот Рахим Бурха од театарот Пралипе од Германија.

Целта на фестивалот е да се мотивираат младите Роми да креираат уметнички театарски дела и да ја поттикне младата ромска популација активно да се вклучи во театарската уметност која треба да служи како алатка за адресирање на проблемите со кои се соочува ромската популација.

Next Post

Зголемување на процентот на позитивни од тестирани од Ковид-19, најзастапени лица на возраст од 30 до 39 години

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk