Велат дека според бројот на заразени и починати на милион жители сме биле на прво место во Европа. Јас мислам дека комплексната анализа ќе покаже дека Македонија има одлични резултати во борбата со Ковидот, но тука се јавувам за да прашам: А на кое тоа место треба да бидеме за да може растревожената јавност да го олабави својот хистеричен занес?
Ако сме најлоши во фудбал, во кошарка, во филм, во музика, во новинарство, во земјоделство и сточарство, во наука, во литература, во атлетика, во уметност, во тенис, во конзумација на риба, во потрошувачката на пиво и паста за заби по жител, од каде ви се очекувањата дека не смееме да бидеме најлоши и во односот со короната.
Фејсбук објава на Бранко Тричковски