ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: 87 % од учениците без проблем следат онлајн настава

October 15, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава. Другите 13 отсто се оние кои имаат проблем со пристап до интернет или имаат проблем со пристап до техничка опрема, но тоа, како што рече, дневно се надминува и е проблем кој го знаеме од првиот момент.

– Осумдесет и седум отсто од учениците без проблем следат настава. Јас дневно добивам информација. Од почетокот на годината до денеска за 17 отсто е зголемен опфатот на ученици со онлајн настава. Што значи дека дневно се зголемува, а ние известуваме и испраќаме соопштенија како се подобрува процентот, рече Царовска.
Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека никаде нема проблем со приклучувањето на Teams.
Дали и до кога ќе има физичко присуство на учениците во училиштата, Царовска рече дека за тоа не одлучува МОН.
-За тоа имаме Комисија за заразни болести која на дневно ниво ја следи епидемиолошката состојба. Но, не само општата епудемиолошка состојба, туку и состојбата во училиштата. Ние можеме да кажеме дека бројката за две недели не е драстично голема. Имаме девет ученици кои се со физичко присуство и 13 наставници на цела територија, каде имаме 24 илјади наставници кои се во образовен систем, појасни Царовска.
Според неа, ова укажува дека засега внатре нема ширење,  но тоа не значи дека нема да се промени и затоа се следи состојбата.
Министерката Царовска рече дека наставата може да продолжи и онлајн се со цел да има континуитет во наставата и за да се заштити јавното здравје. Таа верува дека нашето население, наставниците и учениците ќе успеат да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 за да имаме континуитет во наставата на начин на кој ја почнавме.
Царовска одговарајќи на новинарско прашање рече дека МОН има подготвено апликација, која на дневно ниво, во 10 часот се испраќа до секое училиште. – Сите директори имаат писмена обврска да пополнуваат во таа апликација и ние секој ден во 16:30 до 17 часот имаме потполни податоци каде имало проблем и кои се причините за проблемите што им се јавиле во наставата, рече Царовска. Додаде дека е важно одговорноста на директорите да биде на највисоко ниво, а тука се и Просветниот инспекторат и сите надлежни институции.
Царовска посочи дека онлајн часовите не можат да се снимаат, а има снимен материјал кој оди на Телевизија и кој е достапен на платформите, како материјал за повторување на одредена содржина.
За донациите од многу компании што се случуваат на локално ниво, Царовска рече дека тие во минатите две недели се во комуникација со градоначалниците за да донираат маски и ИКТ опрема.
Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека сега наставата се одвива двонасочно, без никаков проблем. – Сите наставници имаат пристап до Teams, сите ученици имаат лозинки, дури и оние со физичко присуство заради тоа што не знаеме кога може да се случи промена на состојбата, рече Царовска.
Прашана за организирањето продолжена настава во училиштата, Царовска рече дека тоа е на локално ниво, треба да биде секаде каде што градоначалниците утврдиле дека има капацитети, можности и потреби од родителите.  МОН, како што рече, не дава инструкција, тоа е согласно локалното население и потребите на родителите и децата.
Апелираше сите да имаат разбирање, да бидат одговорни, да ги почитуваат препораките од надлежните за заштита од коронавирусот.
Next Post
Абигејл Речфорд

Топ 10 светски Инстаграм модели за долна облека

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп ги брани вонредните овластувања за царини додека Врховниот суд ја оценува нивната законитост

December 8, 2025

Во Србија почнува регистрацијата на дивоградби: Отворена дигиталната платформа

December 8, 2025
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Икс ја суспендираше рекламата на Европската комисија по казната од 120 милиони евра, Маск ја спореди ЕУ со Нацистичка Германија

December 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сидни Свини конечно проговори за контроверзната реклама за фармерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо објавија заеднички фотографии и снимки од Јапонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ментално ограничување на брзината со која стоиме во место!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Салах: Немам никаков однос со Слот, се чини некој не ме сака повеќе во Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Принцезата од Велс и принцот Вилијам по шест месеци снимени заедно со децата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk