Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно на протест со автомобили и повторно изборот им се скапи автомобили. Овој пат тоа е случај со протестот организиран вчера во Прилеп.
На социјалната мрежа Твитер се објавени фотографии од вчерашниот протест кој беше организиран од опозиската ВМРО ДПМНЕ, на кои може да се видат автомобилите со кои демонстрантите дојдоа да протестираат против поскапувањето на струјата.
Протест на дмпнеОВЦИВЕ за поскапување на струјата во Прилеп со:
– Мерцедеси
– БМВина
– Шкода Карок
– Волцваген Турег
– Хундаи Тусон
– Мини
– Голфојсамо еден Голф 2, се друго кола над 20.000 евра.
многу загрижени, овие кои до пред 10 години немаа сол во очите да си турат. pic.twitter.com/tYa5iAAqiN
— GoceOdPrilep (@GoceOdPrilep) October 14, 2020
Мерцедес, БМВ, Мини Морис и Хјундаи се само дел од скапите автомобили кои се забележуваат на фотографиите, поради што граѓаните на социјалните мрежи се запрашаа до каде ќе оди лицемерието на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Д. Е.