Премиерот Зоран Заев на својот инстаграм профил објави селфи со новинарите и снимателите кои беа со него на терен.
На објавата тој се заблагодари и упати честитки за сите оние кои неуморно ги следат теренските случувања и навремено и точно ја информираат јавноста.
“Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања и за тоа ја известуваат јавноста. Вашата улога во услови на КОВИД-19 пандемија е особено важна за навремено и точно информирање на населението. Ви честитам на ангажманот, продолжете посветено, почитувајте ги мерките!“, напиша премиерот на својот профил.