ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Акварел ли е ова или шлакатарник!?

October 18, 2020 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонија мора да го напушти нивото на расправата.

Можеби и самата расправа.

Да излезе од полето на кое нејзините погледи се основа на нејзината историска легитимација и да се искачи погоре, на нивото од кое може да им плукне.

И на своите погледи и на сите други.

Триесет години, најмалку, јас инсистирам тоа да се случи како плод на нашата критичка саморефлексија и како плод на нашата визија за себе и за светот, обаче немаше кој Македонецот да го одлепи од Гоцета и Јанета. И од Бугарија како критичка негативна идентитетска мерка и дистанца.

Се покажа дека во новите геополитички услови и во условите на демократија односно квазидемократија, како нова платформа, тие позиции се многу тешко одржливи на подолг рок. Без Југославија зад грбот, со Бугарија на страната на Западот и со нашата инерција која пропушти да забележи дека тие тектонски пореметувања нема да не остават да си ја тераме пијанката со старото историско друштво.

Вмро-дпмне го донесе македонскиот легитимациски мит во форма на политички концепт и покажа дека митот е историски лажен, а политички катастрофален. Смртоносен. Нѐ однесе во декаденција. Во внатрешно распаѓање. Петнаесет години на власт и уште толку во опозиција, тие ја декапацитираа Македонија и ја карикатуризираат нацијата, сурфајки на бранот на лажната македонска самопретстава: вмро, славните јунаци, крушевската република, блаблабла! На таа идејна ориентација, освежена со блаблатењата за Александар, нацијата, како што е познато, не се хомогенизираше и мобилизираше, туку се атомизираше, корумпираше и циркузираше, на многу пострашен начин од оној на кој инсистираат најмаксималните бугарски барања. Проектот на вмро-дпмне беше деконструкција на државата и на нацијата и враќање на нивото на кое Бугарите инсистираат кога говорат за предвоената историја како за своја историја. Така беше преродувана една питома нација, од субјект, во недефинирана збирка идиоти или во маса чија дефиниција допрва требаше да дојде на дневен ред. Тие ја подготвуваа да падне на испитот што ќе следува. И еве, дојде тоа време.

Моето инсистирање да се влезе во процес на девмровизација, главно беше сфаќано како пресметка и однос кон вмро-дпмне, што не е неточно, но јас го имав предвид ослободувањето од историскиот багаж и од културниот формат кој закономерно не водеше во денешнава ситуација. Од шизофренијата која во бугарската кауза за Македонија наоѓа основа да легитимира посебна нација која е толку попосебна колку што повеќе ќе се дистанцира од местото на своето раѓање. Во времето кога е формирана таа платформа, тоа беше разбирливо, затоа што во вселената на историјата немаше друго сонце околу кое ќе се заврти младата нација во својот историски занес. Требст убаво ја забележува задачата што на историчарите им била доделена од комунистичката партија и номенклатура. Во таа историска сиромаштија изборот паднал на левицата во вмро наспроти врховистите иако судирот на овие две струи не се однесува на различното разбирање на Македонија како национална држава, туку на стратегиите и тактиките на манекенската бимбо борба за ослободување на Македонија како бугарска земја или земја која Бугарија ја сметала за своја, а со оглед на опасноста со преголемо мешање да ја доживее траумата на своето санстефанско издание. Тоа значи дека сите афилијации на вмро немаат ама апсолутно никаква врска со изданието на Македонија од последните 75 години. Имаат само и единствено со Бугарија. Нашата Македонија е врвна изневера на изворните принципи на вмро. Тоа сме го пишувале милион пати. Многу е важно тоа да си го признаеме, а не да тераме преродба со тие што не можат да не смислат како национален и државен субјект.

Немаше разбирање.

Немаше политичка волја.

Соочувањето со вистината за себе може да се одлага, но тоа одлагање произведува дополнителни негативни ефекти. На Македонија и штети не резултатот од судирот со Бугарија, допрва ќе ги видиме тие резултати, туку самиот судир. Постојаната борба со сопствената некомплетна квалификуваност која се оспорува од кој како ќе стигне. Така изгубивме триесет години тепајќи се со Грција за исти срања и го пропуштивме моментумот ние да ѝ поставуваме услови на Бугарија. Или да бидеме фини и да не ја заебаваме. Таа расправа не ја згуснува националната маса на линијата на одбраната, уште помалку на прогресот, туку ја плакне бојата и од нашиот национален акварел прави шлакатарник. Ќе бидам радикален: Во судирот со Бугарите можеме да победиме само ако ја откриеме вистината за себе. Каква и да е. Едно е сигурно: таа вистина е различна од оваа со која живееме 80 години.

Во таа смисла, ако паметно се води расправата, националното потекло на Гоце, старите ријалитија какво што беше таканареченото Илинденско востание, ќе бидат небитна работа во однос на ослободувањето кое може да биде трауматично, се разбира, дури и ризично, но друг пат да минеме преку Црвеното море пред да дојде фараонот на смртта – нема.

Ја читав колумната на Атанас Вангелов за погледот врз историските факти низ призмата на Барт и на Ниче, за кои главната работа кај фактите е човековата односно јазична имагинација со кој се полнат одредени историски позиции за да станат факти. Да, јас велам, дотолку треба да биде полесно да се напуштаат. Барем Македонците имаат искуство со тоа, тука била присутна и српската и турската и бугарската имагинација и интерпретација на фактите, понекогаш таа интерпретација доаѓала преку учителите, каков што бил Гоце, а понекогаш на бајонетите, па тоа поминало и дошол ред тие самите да ги полнат личностите, настаните и феномените со дострелите на својата имагинација и на своите потреби и интереси. Тоа е сѐ. Нема тука ништо фундаментално. Обични приказни кои станувале малку посериозни кога наместо Таска Балабанова или Никола Автовски, ги читал некој член на политбирото.

Македонија можеби мисли дека Бугарија ја става во позиција да бира меѓу себе и Европа, но тоа не е точно. Ние не можеме да се определиме за идентитетот оставајќи ги надежите за Европа, затоа што пропаста на тој план е пропаст на идентитетот и тоа посигурен од оној што ќе го донесат сите можни компромиси. Тоа значи дека големи парчиња од темата и нивото на судирот мора да им се одземат на историчарите и за прашањата да се носат политички одлуки.

Неколку работи за бугарската позиција.

Таа е израз на најтежок политички примитивизам и рецидивизам. Независно од фактите. Тоа е вајнштајнска злоупотреба на позицијата на моќ за секс со младата нација. Крајно недостоинствено. Израз на некакво маалско силеџиство. Ако истраат на блокадата тоа ќе има несогледливи последици  и за Македонија и за Бугарија и во меѓусебните односи и во регионот, а верувам дека и Европа ќе го почувствува тоа поместување на тлото. Затоа верувам дека ќе се случи битно отстапување од максималистичките барања. Кон такво решение ќе оди и Европската унија, Германија, посебно, а и САД, макар што се во деликатна позиција со оглед на изборите, ќе дадат свој придонес. Но, Македонија дефинитивно мора да се ослободи од чепрегановизмот и ачковизмот, од жежовизмот и од сличните бранителизми. Нивната улога не беше негативна, напротив, но, просто, е исцрпена. Ако Бугарија ја признава новата политичка реалност, нема територијални претензии и го признава правото на самоопределување (Захариева), молам, имаме добра основа до 10 ноември да се договориме. Како што договорот со Грција ги засили националните позиции на заедницата и на секој посебно, така ќе биде и со Бугарија, таман да мораме и Гавазова да им ја дадеме.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

May 10, 2025

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk