ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерката Шахпаска учествуваше на панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

October 19, 2020 19:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, денеска учествуваше на панел дискусија на тема „(Не)видена сиромаштија”, во организација на Сојуз на здруженија на граѓани и поединци „Македонска платформа против сиромаштија” (МППС).

На овој настан, соопшти Министерството за труд и социјална политика, свое воведно обраќање имаше претседателката на МППС, Билјана Дуковска, а во дискусијата беа вклучени учесници од владиниот и невладиниот сектор, како и граѓани. Низ дискусијата беа презентирани состојби во кои се наоѓаат ранливите групи на граѓани, со особен акцент на последиците настанати од пандемијата со Ковид-19, а од министерката Шахпаска беше побарано да даде свое учество во дискусијата во делот на улогата на МТСП во намалување на сиромаштијата и да одговори на прашања од граѓани.

Од страна на министерката Јагода Шахпаска, беа искажани заложбите на МТСП како активни учесници во премостувањето на последиците настанати од пандемијата со Ковид-19 и намалување на релативната и апсолутната сиромаштија, кога целиот свет се соочува со отпуштање од работа на работниците.

– За да се постигне оваа цел, како решение беше донесен и четвртиот пакет економски мерки од страна на Владата, согласно кој ќе бидат поддржани најранливите категории граѓани, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самохраните родители, жени земјоделки, сезонски работници, корисниците на државна пензија, малите и средни претпријатија, како и помош за угостителскиот сектор, транспорт и туризам, како едни од најпогодените со пандемијата, истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека најважно е да се зачува секое работно место и потсети на уредбите со законска сила донесени во корист на лицата кои ќе останат без работа, а донесени за време на вонредната состојба, како и за мерките  за лицата кои се тешко вработливи на пазарот на труд и  оперативните планови за вработување со средства кои се предвидени во буџетот.

Со цел поголем опфат на лица приматели на Гарантирана минимална помош, Владата го олесни пристапот на овие лица и со тоа обебеди поголеми можности, да влезат побрзо во системот како корисници. Министерката се заблагодари на организаторот за поканата за учество и можноста за дискусија на оваа тема. Таа порача дека испорачување на социјална правда е една од главните заложби на МТСП, кое е секојдневно на прва линија заедно со граѓаните во обезбедување на услови за пристојно живеење во овие моменти на светска пандемија, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk