Италија има 16.079 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство, нов рекорд од почетокот на епидемијата и повеќе од претходните рекордни 5.199 нови случаи во средата.
Министерството потврди и 136 смртни случаи, повеќе од 127-те починати претходниот ден. Но, сè уште е многу помалку отколку во екот на епидемијата во март и април кога 900 умираа дневно.
Досега, 36.968 лица починале од коронавирус во Италија, а 465.726 се разболеле.
По завршувањето на летото, инфекцијата се разгоре во последните неколку недели.