По повеќе од три децении вчера попладне, забележани се лебеди во водите на Дебарско Езеро.
– Станува збор за двојка лебеди кои како што е познато опстануваат заедно. Го разубавија езерото, прекрасно е да се види и ваков вид на нашето езеро. Сè уште не знаеме како се нашле тука, изјави за МИА, Дртан Боцку, претседател на Спортското риболовното друштво „Трофта” концесионер на езерото.
Тој додаде дека рибочуварската слжуба веќе била задолжена посебно да се грижи за нив.
Боцку нагласува дека доколку се потврди дека за нивен опстанок одговараат климатските услови на ова подрачје нивниот број ќе се обидат да го зголемат.
Последниот пар лебеди, кој беше забележан во езерото пред повеќе од три децении за жал несовесни граѓани најпрво го застрела едниот, по што по краток период угина и другиот лебед.