Министерството за здравство информира дека се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти, а починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.