Стравот од корона е втора пандемија. Стигмата за болеста е трета. Невербата во корона – четврта. Светот се соочува со четири пандемии. Овие три се ветер во грб на коронската.
Има многу луѓе коишто не се на буџет и кои мораат да бараат работа зашто се без ебан денар со месеци и го ризикуваат својот живот и животот на најблиските за да стават леб на маса.
Има луѓе кои никако не се откажуваат од забави, свадби, журки, кои исто ги разбирам, зашто за жал човек додека нема мака, ништо не знае.
Има корона од мака, корона од беслак, корона од игнорантсво, и за тоа нема спас…И има само еден лек, единствен најефикасен, најпрост, најбанален, најглуп, најевтин и најдостапен за сите сорти луѓе, – маска, дистанца, хигиена.
Се’ додека ова не се разбере и прифати – ќе плаќаме голема цена. Но, вака или онака, на крајот секако ќе дојдеме до толку омрзнатиот – имунитет на стадо.
И да додадам нешто многу важно, зашто гледам дека ми се читаат постовите.
Децата од мали нозе треба да учат за природата и да ја засакаат биологијата. Верувам дека со константен и обмислен напор биологијата може да стане омилен предмет за секого. Ништо не може да ја замени оваа наука. Ништо. Најмалку проекти на невладини!
ФБ објава на Синоличка Трпкова