ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

ЕК бара начин да го спречи штетното влијание на социјалните мрежи врз демократијата

October 27, 2020 15:19
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај на Заедничкиот истражувачки центар (ЗИЦ) на Европската Комисија (ЕК) покажува дека демократските столбови на ЕУ се „под притисок“ на влијанието на социјалните мрежи врз политичките ставови и однесувања, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Поларизацијата на политичките дебати под влијание на алгоритмите на социјалните мрежи ги загрижува европските власти. Според најновото истражување на ЗИЦ, ова го загрозува демократскиот карактер на европските општества, иако социјалните мрежи играат важна улога за поголема видливост на малцинските и ранливите групи.

Речиси половина од Европејците ги користат секојдневно социјалните мрежи, кои станаа и клучен извор на информирање.

Авторите на извештајот идентификуваат четири „точки на притисок“ или предизвици поврзани за користењето на социјалните мрежи кои не се предмет на доволен демократски надзор.

Првиот предизвик е „економијата на внимание“, што значи дека интересот или вниманието на корисникот им се продаваат како производ на приватни компании кои потоа прават сѐ за да го задржат тоа внимание користејќи алгоритми со кои се таргетираат корисниците. Па така, алгоритмот на Јутјуб, кои ги бира видеата кои смета дека ќе го интересираат корисникот, претставуваат седумдесет отсто од времето на гледање поминато на оваа платформа. Според извештајот постојат докази дека алгоритмот на Јутјуб сѐ повеќе нуди „екстремистички“ содржини.

Слично е и со Фејсбук, чиј алгоритам може, врз основа на 300 „лајкови“ да ја предвиди личноста на корисникот со „поголема прецизност од самиот животен партнер на корисникот“, се наведува во извештајот.

Ова ги загрижува авторите на истражувањето поради тоа што ова микротаргетирање на Фејсбук има потенцијал „значително“ да го поткопа демократскиот дискурс.

Другата точка на притисок се техниките на социјалните платформи кои ги охрабруваат корисниците да се посветат и да споделуваат содржини, поради што станува сѐ потешко за корисниците да ги напуштат мрежите. Се истакнува усто така дека онлајн корисниците најчесто не се запознаени со податоци кои ги генерираат, произведуваат и споделуваат, ниту знаат кои лични податоци им се собираат и чуваат.

Третата точка која загрижува е што алгоритмите кои ја „бираат“ содржината што ја гледа корисникот се толку комплексни што и самите информатичари имаат тешкотии да ги објаснат, што предизвикува проблем во однос на транспарентноста и отчетноста. Според извештајот, ризикот е што корисникот е „претерано“ изложен на поларизирачка и контроверзна содржина, а недоволно изложен на информативна и „помалку емотивна“ содржина.

Конечно, четвртата точка на притисок идентификувана во извештајот се таканаречените „лажни вести“. Според психолошките студии, луѓето имаат природна тенденција да се ориентираат кон негативни вести. Во комбинација со алгоритми кои промовираат висока ангажираност и емотивност, платформите значајно можат да придонесат кон ширење на дезинформации или неточни информации.

За Европската Комисија, наодите од овој извештај треба да послужат во креирањето на идните политики во ЕУ.

– Овој извештај ги карактеризира предизвиците и приложува конкретни докази за да ни помогне да ги преземеме правилните чекори за заштита на партиципативна, демократска иднина во полза на сите европски граѓани, изјави евркомесарката за наука, Марија Габриел.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието, констатирани оставките на Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска, на Инфективна почина Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес...

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk