Точно е дека системот е преоптеретен и се обезбедија дополнителни термини и мислам дека чекањето ќе се намали. Нема потреба од паника. Секој што има потреба од здравствена услуга и тестирање, може да се јави во најблиската болница и здравствен дом, изјави министерот Венко Филипче на Телма.
„На никого не му е скратено правото да се јави во болничка установа и доколку има симптоми и потреба, брзо да му се направи тест за ковид-19…Ние сме во комуникација, точно знаеме секое утро каде и како се исполнети болничките капацитети и со каква клиничка слика се. Точно знаеме кој каде треба да биде препратен или дали може да почека тест доколку не е итен. Значи на никого не му е скратено правото да се тестира, ако има индикација за тоа“, рече Филипче.
Тој рече дека обезбедени се дополнителни термини за тестирање и верува дека времето на чекање ќе се намали. Филипче вели дека ресурсите се ограничени и апелира граѓаните додека чекаат резултати да останат во изолација.