ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Уривање на ѕидот

October 27, 2020 20:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бранко Тричковски

Зошто се плашиме да извадиме некоја цигла од ѕидот кон Бугарија?!

Затоа што сме изградени од дистанца кон Бугарите.

Македонците се изградени од “не”.

Не се Срби, не се Грци и, особено, не се Бугари.

Друго, всушност, нема!

Тоа “не” е претворено во афирмација.

Ние сме затоа што не сме!

Во услови на демократија и интеграција, во услови на новите геополитички ситуации и релации, таа парадигма се покажува како тотално исцрпена. Држејки се до неа се појасно се претвораме во мрсул што историјата го истресла кога била настината (Бекет).

Време е да престанема да мастурбираме под јорганот и да излеземе на отворената сцена каде ќе се репродуцираме како и сите други. Мораме да ја осознаеме вистината за себе. Таа ќе ни помогне да се ослободиме од вишоците историја кои си ја завршија својата работа во конституирањето на нацијата. Така ќе се ослободиме од обвинувањата дека сме историски лопови, што е точно, и, второ, така ќе го продолжиме летот на нашиот национален балон кон европската иднина. Така ќе излеземе од историското пубертетство и ќе станеме возрасна нација.

Троен ќар!

Има уште една важна работа.

Учени луѓе велат дека Историјата не е редење на факти туку обликување на субјектот. Ние не

можеме да докажеме дека Гоце Делчев бил Македонец, а Бугарите можат да докажат дека бил Бугарин. Македонец не можел да биде пред Македонците. Но, нашето субјективно чувство е дека бил Македонец. Тоа значи дека можеме да се ослободиме од Гоце како факт и да го задржиме како чувство.

Така е и со сите други историски теми.

Имам впечаток дека антифашистичката борба во која е родена македонската држава и нација ја потиснуваме за сметка на фашизмот. Тоа доаѓа од платформата “не”. Повеќе сакаме да покажеме колку Бугарите биле лоши отколку колку ние сме биле добри. И затоа повеќе сакаме да говориме за таканаречената окупација отколку за трудовите во која сме се родиле.

Бугарите признаваат дека за време на своето присуство во Македонија не оставиле добар впечаток. Тоа се познати работи, но не можеме постојано да им ги набиваме жртвите под нос. Односно можеме, но треба да сме свесни дека на тој начин самите се претвораме во жртва. Присуство е подобар и поточен термин од окупација. Особено од денешната дистанца. Во правна смисла било окупирано парче од Југославија. Вардарска бановина. Уште не сме биле запишани во регистерот на Историјата.

Нека да се олабавиме малку.

Да кулираме.

Доста беа грчеви.

Впрочем, нели сакавте да ја запалите и уништите државата, да ја испишете од Обединетите нации, нели сами си се нарековте Северџани. А пред тоа Александринци. Антички. Многу пред меморандумот на Захариева. Погледнете си го центатот на Скопјанг. И запрашајте се: А за кој ѓавол се расправаме за Гоце кога тој и неговите модерни чети во ликот на вмро-дпмне беа искористени како предводници во уништувањето на Македонија.

 

Next Post

Блумберг инвестира уште 15 милиони долари во реклами за Бајден

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk