Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058.
Министерството за здравство информира дека вкупно во Скопје од почетокот на пандемијата имало 13174 случаи на коронавирус, а во моментов активни се 4283 случаи. Само во изминатите 24 часа, во главниот град денеска има 420 новозаразени.
Бројките на активни случаи по општините во Скопје денеска изгледа вака: (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата).
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106.