ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Претседателот на УМС Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ поставил морбиден плакат во дворот на Министерството за здравство

November 11, 2020 16:49
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Морбиден плакат со конотација што симболизира „црн ангел на смртта“ на кој е монтиран ликот на министерот Филипче, денеска е поставен во дворот на Министерството за здравство. Стефан Синадиновски, претседател на УМС Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, како што пишуваат на социјалните мрежи наводно го монтирал тој плакат во дворот од министерството.


Стефан Синадиновски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2010 година. Тој во 2018 година е избран за Претседател на УМС на ОК Аеродром, а во исто време е назначен и за член на ОК Аеродром. На 08.09.2020 година е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во официјалната веб страница од ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што може да се погледне од фотографиите што Синадиновски ги поставил на својот профил на Фејсбук, тој покрај што е во извршните тела од партијата, е и близок соработник и пријател со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Бројни коментари со неверување на социјалните мрежи после обелоденувањето на овој морбиден плакат:

– Иновативноста на УМС на #Жмицко ме фасционира. И кој е ефектот од ова?

– И утре овој како заслуга за ова што го прави ќе го стават советник неговите во општина Аеродром и ќе одлучува како да се трошат парите на аеродромци!

– Колку треба да си имбецилен, глупав и одвратен за вакво нешто да направиш? И вака ли изгледа алтернативата на Заев? Пијте редовно терапија, бе, ајвани!, се дел од коментарите што можат да се прочитаат насоцијалните мрежи.

Пред некој ден транспарент со слична морбидна содржина осамна и на Триумфалната порта, а го поставило некакво непостоечко невладино здружение. Портпаролот од ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одржа и прес-конференција како повод од поставувањето на транспарентот.

„Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше, рече Стоилковски.

„Колку ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќа сериозно ситуацијата со корона вирусот во земјава покажува некрофилската политика на Христијан Мицкоски, кој подмолно се обидува да профитира радувајќи се на смртта на жртвите на коронавирусот!“, истакнаа од СДСМ како одговор на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ботовите со организирана црна хајка чие дејствување потсетува на едно минато време од режимот на Груевски, не мируваа и на социјалните мрежи, па покрај бројниот секојдневен говор на омраза можеше да се видат и вакви фотомонтажи:

Претходно ВМРО-ДПМНЕ без никаков сенс и почит кон починатите од коронавирусот со една невкусна морбидна акција оставија 1.071 каранфил пред зградата на владата.

Ова, ако се земе во предвид историјатот на оваа партија и не треба многу да нè изненадува. Сè уште се свежи сеќавањата кога активисти на ВМРО-ДПМНЕ носеа посмртни плакати со ликот на Заев, а тука се и епизодите кога поставуваа венци пред врати на новинари кои не се согласуваа со политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Д. Е.

Next Post

(ФОТО) АРМ со британски тимови го подготвува лесниот пешадиски баталјон за мисии на НАТО

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk