ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Скандал во Виница: Профитери правеле лажни ковид тестови „преку прозор“ за 1.000 денари

Што се случува, имено до сега имаме пет или шест вакви случаи, кога наши пациенти ни кажуваат дека веќе се тестирале дома. Има два начина на кои што се прави тестирањето.

November 11, 2020 14:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пациенти од Виница, се јавувале кај матичните лекари за да им кажат дека се „негативни“ на коронавирусот, откако дома им дошол некој да ги тестира со тест „кој покажувал една или две цртки“и „се правел со една капка крв“.

Според  извори на Слободен печат кои се матични лекари во Виница, ваквото тестирање, кое е сосема незаконско, медицински неиздржано, нерелевантно, опасно и претставува општа закана за јавното здравје, го извршувале лица со сопствено возило и за него наплаќале 1000 денари.

За ваквата појава добивме потврда од два независни извори во Виница, пренесе Слободен печат.

Станувало збор за луѓе без никакво медицинско образование, без никаква медицинска експертиза, без никакво медицинско искуство, кои што на грбот на граѓаните суспектни на Ковид 19, дебело профитираат!

-Се случува ситуација, каде што по куќи одат и тестираат со брзи тестови кои ги наплаќаат 1.000 денари и тоа луѓе кои не смеат тоа да го прават. Со приватно возило по куќи тестираат. Пациентот потоа вели негативен бил, а ние сме доктори и знаеме дека не може со една или две цртки да се потврди дали си негативен или позитивен. Што се случува, имено до сега имаме пет или шест вакви случаи, кога наши пациенти ни кажуваат дека веќе се тестирале дома. Има два начина на кои што се прави тестирањето.

Телефонски се договараат, и ,,тестирачите” преку прозорец им подава лента и им дава стапче. Им вели да си земат самите брис од нос и од грло и да го намачкаат на лентата и зависно од тоа дали им покажува една или две цртки, да видат дали се позитивни или негативни. Потоа таквите пациенти се јавуваат кај нас, со сите симптоми на Ковид! Не добиваат ниту документ дека се позитивни или негативни, зашто ова се прави на црно, нема фискална сметка, нема ништо! И сопругот и сопругата си се позитивни сега и ги водиме кај нас во системот, велат нашите добро упатени извори кои што ги водат граѓаните што во домашни услови се тестирале на ваков комплетно нелегитимен начин.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за „Слободен печат“ велат дека за да постапат во овие конкретни случаи, потребна им е пријава со конкретните пациенти и конкретните луѓе што го вршат ваквото тестирање, а дека примарно за ваквата појава надлежни се Министерството за внатрешни работи.

Извор: Слободен печат

Next Post

Преглед на вести во 15: Прилепскиот градоначалник се активира и како лекар во борбата со Ковид-19, за една недела регистрирани сe 7.280 нови случаи, вакцини против сезонски грип има за сите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk