ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ

November 14, 2020 12:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус.

„Колку е опасно кога политичарите во регионот ќе престанат да веруваат во европската перспектива може да се види на друго место, источно од ЕУ, каде се водат војни и каде националистите тврдат дека ЕУ е „фата моргана“, вели Канус во интервју за Бугарското национално радио.

Кнаус нагласува дека ако Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го прифати бугарското толкување на историјата во последните 100-150 години, треба да знае дека тоа е „изгубена работа“. А, ако тоа навистина стане услов за почеток на преговори, тогаш нема да има преговори.

Според него, владата во Скопје има само една опција – и покрај блокадата, да продолжи со реформите, да продолжи со соработката со ЕУ за да се приближи до членството. Во спротивно, земјата ќе западне во политичка безнадежност.

„Бугарија нема да добие ништо друго освен непотребна напнатост со соседот и недоразбирање од страна на европските партнери. Нема победници во овој спор. Нема македонска влада што признава дека идентитетот на нејзиниот народ е комунистичка измислица“ истакнува Кнаус.

За тоа дали Германија како претседавач со ЕУ и најмоќна земја во ЕУ, може да помогне да се решат отворените историски прашања, тој смета дека Берлин е од помош, но не со притисоци.

„Единствениот излез е сите да признаеме дека Бугарија има свое читање на историјата, што е различно од толкувањето во Република Северна Македонија. Ова не значи дека бугарското гледиште е погрешно или невистинито. Ниту, пак, дека Бугарија треба повтроно да ја пишува својата историја. Но, тоа сигурно значи дека Бугарија не може да побара од својот сосед да прифати бугарско толкување на историјата. Актуелната македонска влада е најдобриот можен партнер за Бугарија. Обратната страна на медалот е намерната и бесецелна манипулација со историјата што ја видовме во времето на Никола Груевски“ вели Кнаус.

Компромисот, според него, треба да се бара во соработката на сите полиња и повеќе контакти меѓу луѓето од двете страни на границата.

„Бугарија може да ја продлабочи размената на студенти со Република Северна Македонија. Како економски посилна земја, може да создаде стипендии за студенти и можности за контакти меѓу луѓето. Може да има промена во ставовите, но секако не под притисок. Како услов за почеток на преговори со ЕУ, ова барање е крајно несоодветно. Ова може да стане сериозен проблем за сите земји во Југоисточна Европа. Последиците се национализам, политичка и економска нестабилност на целиот регион“ оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус

Next Post

Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk