Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, на конференцијата на ЦИВИЛ, „Зелените доаѓаат 2020“, истакна дека кога зборуваме за зелено сите ги асоцира на зелена средина, но тоа има поголемо значење, а тоа е човекови права.
Еден од приоритетите е борба со насилниот екстремизам и секој денар што е вложен за ваква дејност се враќа дупло повеќе, позитивно.
Куманово е дел од „силни градови“ и имаме повеќе акциски планови за спречување на екстремизмот. Почнавме со обуки во училиштата и по обуката самите учители работат со учениците и оваа Ковид криза е добра почва каде се создаваат фрустрации и говор на омраза.
Куманово е плодна почва да се развива национализмот и екстремизмот. Во соработка со лидерите на навивачките групи се договоривме за фер плеј навивање не само на терените туку и надвор од стадионите.
Ако има графити со „смрт за к….“, смрт за ш…….“, веднаш одиме и ги бришеме таквите навредливи графити.
Ученици од разни етнички заедници заедно цртаа 3Д пешачки премини со скромни средства од општината.
Дел од муслиманите кои се претставуваат како селефистите изградија дивоизграден објект (џамија) спроти училиште и имаме проблем со рушење на тој објект, заедно во соработка со ИВЗ.
Државата мора да изгради систем за ресоцијализација на повратниците од воените боишта, секако претходно да си ја отслужат казната“, рече Димитриевски.