ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Мал дел од граѓаните се недисциплинирани, но исто и дел од институциите

November 20, 2020 20:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Претседателот Стево Пендаровски вели дека прогласувањето на кризната состојба било неопходно за да се овозможи подобро користење на сите ресурси на државата вклучувајќи ја и Армијата, но и приватните здравствени установи за справување со коронакризата. Вонредна состојба, потенцира, не е потребна затоа што има функционален Парламент. Тој смета земјава не е единствена која има тешка епидемиолошка состојба, бидејќи, како што потенцира, тоа е случај во сите други земји. Смета дека за непочитувањето на мерките не треба да се обвинуваат само граѓаните, туку и институциите, особено за селективна примена на законите и санкционирањето.

-Во овој момент Армијата нема повеќе простор да помага, ние користиме една правна основа во Законот за служба на Армијата и тоа не е доволно. Имаме 40-50 луѓе кои сега помагаат. За таа бројка да биде многу поголема, мора да има кризна состојба, бидејќи според Законот за менаџирање со кризи, армијата може да има поголема улога во подршка на полицијата, само ако има криза или прогласено вонредна или воена состојба,  рече Пендаровски во Трилинг на ТВ 24.

Претседателот потенцира дека прогласувањето на кризната состојба подразбира и можност државата во овие 30 дена да менаџира со приватните ресурси за справување со стуацијата, иако како што вели, можееби до потреба за такво нешто нема да дојде.

-Ако се влоши ситуацијата, нема да одиме кон вонредна ситуација, туку во рестрикција на движењето на граѓаните, односно полициски час, рече Пендаровски.

Тој вели дека е неспорно оти еден мал дел од граѓаните се недисциплинирани, но оти не може вината за состојбата да се префрла само на нив. Исто така, неоспорно е, посочи Пендаровски, дека и еден дел и од државните институции се недисциплинирани.

-Неспорно е дека граѓаните во еден дел, јас би рекол дека многу мал дел не се дисциплинирани, но јас мислам дека еден дел и од државните инстиуции не се „дисциплинирани“, рече Пендаровски додавајќи дека недисциплинираноста на институциите се должи на селективноста при постапувањето и спроведувањето на законите и мерките. 

Next Post

Државните и јавните службеници во Хрватска од 1 декември ќе работат од дома

Shortcut

Најново

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk