ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

November 21, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу државите. Проекти што даваат регионален пристап, поврзувањето на главните градови, паневропскиот коридор 8, источниот крак 8, каде имаме реално и движење на капиталните проекти. Ако зборуваме за патната инфраструктура, ние овде во овој дел во моментов инвестираме околу 180 милиони евра само на источниот крак на коридорот 8, од Скопје до граничниот премин со Бугарија. И ова значи дека апсолутно ние даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија. Ова вечерва го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во централниот дневник на телевизија Сител.

– Овде зборувам за постоечкиот коридор и постоечкиот патен правец кој реално ние во моментов го рехабилитираме. Третата лента од Крива Паланка до Бугарија која веќе е влезена во реализација, а делницата од Крива Паланка до Ранковце веќе е рехабилитирана и се враќаме кон Куманово со реализацијата на постојната патна ифраструктура. Паралелно со ова се гради и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, кој ќе биде практично новиот дел на коридорот 8. Се на се во овој дел од државата на коридорот 8 инвестираме околу 180 милиони евра во делот на патната инфраструктура, рече Бочварски.

Додаде дека таму каде се работи, каде има голем обем на зафати во дел на вака гломазна инфраструктура, некаде се јавуваат проблеми во дел на застои, експропријации, откажување на една од компаниите која го гради првиот лот на коридорот 8, на експресниот пат. Се преговара, вели, за преземање од друга компанија.

– Сето ова значи дека имаме одредено забавување, но, ние никогаш не сме се откажале од подобра комуникација со нашиот источен сосед и така ќе продолжиме и понатаму, истакна Бочварски.

Министерот Бочварски рече дека во делот на буџетот во 2021 година очекуваат висока реализација на капиталните инвестиции, кои се позиционирани на 23 милијарди денари или 374 милиони евра.

-Во делот на буџетот на Министерството за транспорт и врски имаме 5,3 милијарди денари од кои 71 отсто се за капитални инвестиции во нашиот буџет, рече Бочварски.

Next Post

Вечерен преглед на вести: Таравари му ги симна маските на Мицкоски, под нив нема образ, ДКСК е последна надеж за граѓаните во борбата против корупцијата...

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk