ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари му ги симна маските на Мицкоски, под нив нема образ

November 21, 2020 18:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Арбен Таравари, случајно или не, во телевизиско интервју изнесе детали од состанокот со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кој овие партии зборуваа за можна коалиција. За да ја „купи“ довербата на Алијансата на Албанците со цел да ги придобие во својата коалиција, Мицкоски ветил дека во Законот за употреба на јазиците ќе прифати да се смени формулацијата која ги означува Албанците како етничка заедница со 20 отсто од населението, односно ќе се согласел да стои само Албанци. Ваквиот радикално сменет став на Мицкоски кон законот го соопшти токму Таравари.

Јавноста се уште нема заборавено како Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ протестираа против Законот за употреба на јазиците. Тогаш, со цел да се додворат на македонското гласачко тело, водеа кампања против Зоран Заев и СДСМ за продавање на националните интереси. Секојдневно од партијата на Мицкоски зборуваа како некој ја уништува државата и македонската нација, како некој им излегува во пресрет на Албанците за да ги придобие на негова страна, како никој не мислел на иднината на државните интереси освен тој и ВМРО ДПМНЕ. Ама сега, после изјавата на Таравари, паднаа маските на Мицкоски. Пред гласачите патриоти Мицкоски зборува едно, ги велича македонските национални интереси, ама затоа пред политичарите Албанци, чија соработка сега му е неопходна, зборува друго, како ќе ги унапреди правата на албанската заедница и тоа озаконето, преку законот кој до вчера му беше антидржавен.

Таравари во обид да открие дека Мицкоски се сменил, а тоа да го прикаже во позитивен контекст, практично му зари нож во грб на Мицкоски. Му ја сруши цела кампања која тој ја водеше против Законот за употреба на јазиците, а со тоа ја менува и перцепцијата на неговие гласачи кон својот лидер.

Арбен Таравари ви истото интервју откри и дека Мицкоски јавно им се извинил за насилството со упадот во законодавниот дом на 27 април, 2017 година, кога парламентарното мнозинство се обидуваше да го изгласа Талат Џафери од ДУИ за претседател, а агресивната толпа со предизвикување немири се обиде тоа да го спречи.

Но, Таравари можеби прави несреќен избор на зборови, па го користи „јавно“, иако таквото извинување на Мицкоски ниту е јавно, ниту пак може да испрати некаква порака, за која зборува Таравари. Од таквото тивко извинување во тесен круг се потврдува само едно, дека ВМРО ДПМНЕ стои зад упадот во парламентот и крвавото насилство врз пратениците. Ако Мицкоски почувствувал потреба да му се извини на Села, кој за малку смртно ќе настрадеше од сериозните повреди, тогаш Мицкоски прво морал да си признае самиот на себе дека целото крваво сценарио е на наговата партија и на неговите партиски соработници.

Ако Мицкоски си го признал тоа, тогаш е редно да им се извини прво на сите граѓани и на сите повредени политичари, па извинувањето да има смисла и да биде јавно. Дури потоа Мицкоски може да им се извинува поединечно на сите политичари, по примерот на Села, па макар тоа и го направил тивко, на уво, како што му дошепнал на Села дека му се извинува. Со еден збор, извинувањето на Мицкоски не е јавно, туку е лично. Ама од таквото извинување нема корист ниту уништената демократија, ниту скрнавениот законодавен дом, ниту дупнатите глави на пратениците, најмалку граѓаните кои колективно беа во заложништвото на ВМРО ДПМНЕ.

Д. Е.

Next Post

Калеска-Ванчева: Барањето за широка Влада е политички аматеризам, Мицкоски е несериозен политичар

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk