На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов.
„Штипјани многу добро го познаваат Сашко Николов , целиот свој професионален и човечки ангажман Др. Николов го има посветено на граѓаните и нивното здравје. Со задоволство можам да кажам дека Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ“ изјави Николовски.
„За краток период додека беше пратеник Сашко Николов покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на сите граѓани и државата, уверувам дека така ќе продолжи и како татко на градот. Изборите во Штип на 13 декември ќе се бидат апсолутно безбедни и индентични како предвремените парламентарни избори“, додаде Николовски.
Тој ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за Др Сашко Николов, за бројот 2, за Штип да продолжи да се развива и Штип да продолжи да напредува.
Да не дозволиме центарот на истокот да застане, подвлече Николовски.