Министерот разговараше и телефонски со д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8 Септември. Според д-р Костов, во моментов во ГОБ 8 Септември, најмладиот ковид пациент е на 20 годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години. Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран.
Министерот Филипче потенцира дека хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман.