Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за телевизија Телма.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево се сретна со д-р Александар Трајановски директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот Мајка Тереза.
Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски попладнево обелодени дека времено државата се откажува од инвестиции во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон инвестиции во гасна електрана во Александропулос.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија апелира до Министерството за здравство да обезбеди вакцини против сезонски грип за пензионерите кои спаѓаат во групата на најзагрозени граѓани, заради големиот број на хронични заболувања и намалениот имунитет заради годините.
Вицепремиерот се осврна на европскиот “Зелен Договор“, кој претставува амбициозен план на ЕУ во рамките на нивната политика која се однесува на климатски прашања, а кој има за цел од Европа да направи прв континент кој ќе биде климатски неутрален до 2050 година.
Инсталацијата “Децата заслужуваат повеќе“ има едукативен, а воедно и забавен карактер за децата да можат да научат повеќе за животните. Но најмногу ќе има за задача да им покаже на граѓаните, носителите на одлуки и локалните власти дека постои недостаток на вакви игралишта и зелени површини и дека децата заслужуваат повеќе внимание со поубави простори за релаксација и едукација, особено на најранливите дечиња.“ истакнаа активистите.
С.М.Ж.