ОСМАНИ – ГИР: Членството во ЕУ нема алтернатива, без разлика на исходот во декември земјава останува посветена на реформите.
КОВАЧЕВСКИ: Не ни треба еуфорија и национализам, ни треба решение со Бугарија за да започнеме преговори со ЕУ.
ЕЛИЗАБЕТА Ѓоргиевска: Еден од девет смртни случаи се должи на лошиот квалитет на воздухот.
ДЕНЕСКА се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 1078 пациенти, a починати се 39 лица.
НА Скопската фото недела доделени награди за најдобра фотографија.
БОКСЕРСКАТА федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари повод успехот на Европското првенство во Будва, парична награда е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари.
ПОЛИЦИСКИ службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 16:00 часот го лишиле од слобода А.Д.(30) од Неготино, гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица.
ВО Косово во минатите 24 часа се регистрирани девет починати и 704 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 391 пациент.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Аргентина, Алберто Фернандез, прогласи тридневна жалост поради смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.
ФОНДОТ за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се новоинфицирани.
НОВА жртва на руските комичари, познати како Вован и Лексус, беше канадскиот премиер Џастин Трудо, на кого му се претставиле како шведската активистка Грета Тунберг, која наводно побарала од него да и овозможи средба со ликовите од познатата анимирана серија „Саут Парк“, Теренс и Филип.
ВО последните 24 часа во Велика Британија се пријавени 696 смртни случаи од коронавирусот, што е највисок дневен биланс од 5 мај.