ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев не зборувал на памет, лично Тито направил пакт со бугарската војска за ослободување на Македонија

November 26, 2020 15:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со писмата кои Јосип Броз Тито ги испратил до Главниот Штаб на НОБ во текот на 1944 година, а кои се јавно објавени, се потврдува учевството на бугарските воени сили во ослободување на делови од Југославија, вклучително и Македонија. Порталот 360 степени пренесе дел од писмата на Тито кои тој во 1944 година ги испраќал и до неговите генерали, а се однесуваат на неговиот интерес за учевството на бугарската војска во ослободителната борба за Југославија.

„Повторно од вас не добиваме воени извештаи. Ова е политички многу незгодно. Исто така, јавувате за заеднички акции на нашите и на бугарските трупи.“ напишал Јосип Броз Тито во дописот што тој го испратил до Главниот Штаб на НОБ, на 30 октомври, 1944 година, период во кој партизаните во Македонија веќе имале организирани борбени акции со Бугарите.

Факсимил од писмо на Јосип Броз Тито до НОВ и ПО на Македонија

На 14 октомври, 1944 година, тој испратил допис и до еден од неговите офицери Арсо Јовановиќ од кого исто така бара да го известува за бугарските трупи кои застанале на страната на ослободителната војна на Југославија. „Треба да јавувате за „Слободна Југославија“ и за учевството на бугарските трупи. Бугарите го зазедоа Лесковац со помош на нашите единици. Сега нашите и бугарските единици водат жестоки борби во секторот Ниш. Освен тоа, бугарските трупи водат и силни борби во реонот на Плоча. Политички е некоректно што до сега молчевте за учевството на бугарските трупи во борбите“- е наведено во дописот на Јосип Броз.

Факсимил од писмо на Јосип Броз Тито до Арсо Јовановиќ

Потоа, во едно друго писмо стои:

„Германците нагло се повлекуваат од југ спрема Косово и Метохија, од каде се обидуваат да се пробијат преку Санџак кон Сараево. На секторот Куманово – Приштина сериозно се загрозени од нашите и бугарските единици. Кај вас се преостанати мал број на германски сили кои нема да се повлечат додека вие не ги разбиете“.

Со овие писма се потврдува дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја од Втората Светска војна и дека е точно тоа што го зборува премиерот Зоран Заев, дека бугарските трупи учевствувале во ослободувањето на делови од Македонија, па ги споменува Крива Паланка, Куманово и Скопје.

Сето ова упатува дека лично Тито склопил пакт со бугарската народна армија. Понатаму во текстот, 360 степени цитира делови од книгата „Битка за Србија“ од Петар Вишниќ, посветена на конечното ослободување на Србија од фашистите, во која е пренесен дел од говорот на Јосип Броз одржан во Високата воена школа на Југославија. Во таа прилика Тито говорел:

„Кога од Москва стигнав во Крајова, Романија, дојде една бугарска делегација на чело со Добри Терпешев (потпретседател на владата) и еден армиски генерал, да зборуваат со мене за можноста бугарската војска да учевствува во завршните операции против Германците. Кажаа дека ЦК на Бугарската партија моли да и допуштиме на бугарската, сега Народна армија, заедно со нашата народоослободителна армија, да води борба против Германците. Нагласија дека тоа е неопходно за да се испере срамот кој го нанела фашистичката влада на Бугарија со тоа што војувала на страната на фашистичка Германија и ја окупирала Македонија и дел од Србија. Признавам дека многу се мислев, затоа што знаев дека тоа нема лесно да помине кај нашиот народ. Побарав од Штабот во Македонија итно да ми јави како народот гледа на бугарската војска после капитулацијата и дали соработката со бугарските трупи против Германците би предизвикала незадоволство. Тогаш во пораката до нив наведов дека и понатаму мислам дека соработката со поранешна окупаторска војска ќе има поголема штета за нас отколку корист. Меѓутоа, имајќи го предвид развојот на добрососетските односи помеѓу нашите две држави, особено со олеснувањето на меѓународната положба на нова Бугарија, а и сметајќи дека учевството на бугарската војска во заедничките операции може да биде корисно, после советувањето со другарите од Врховниот штаб, јас дадов позитивен одговор.“

Тито заедно со бугарска делегација потпишал декларација за заеднички операции на дел од југословенската територија. Во својата книга Вишниќ го пренесува оригиналното соопштение кое е издадено од претседателот на Националниот комитет на Југославија Јосип Броз, во кое се наведува:

„Постигната е согласност за воена соработка во борбата против заедничкиот непријател. Сите прашања кои потекнуваат од сојузничките односи и пријателската соработка со Бугарија ќе се решаваат во духот на братските и заедничките интереси на народот на Југославија и народот на Бугарија. Делгатите од Бугарија изразија подготвеност да сторат се за да ја исправат неправдата која им ја нанеле на народите во Југославија преку фашистичките елементи во бугарската влада и дека ќе се заложат за нормализација на односите.“

Понатаму, во истата книга се пренесува и оригиналната содржина на писмото кое бугарските власти го испратиле до Јосип Броз Тито во знак на благодарност што и овозможил на Бугарија да застане на правата страна на историјата. Во овој допис се наведува:

„На вашиот светол пример нашиот народ учи за вооружената партизанска борба против хитлеровите и бугарските агенти. Нашиот народ се чувствува виновен кон југословенските народи, особено кон српскиот и македонскиот, што дозволи Германците да го направат поробувач, а од бугарската војска да направат Хитлерова полиција на Балканот. Бугарскиот народ е спремен што подобро да го избрише срамниот спомен за ова и да отвори пат за вечен, нераскинлив сојуз помеѓу јужнословенските народи. Ни вам ви должиме вечна благодарност за поддршката и братската помош со која се создадоа првите партизански одреди.“

Тврдењето на Заев дека бугарската армија зела учевство во ослободувањето на Крива Паланка, Куманово и на Скопје е историски факт.

Ако се направи анализа на книгите на поголем број независни автори, како британци, американци и други, тогаш се воочува дека Бугарија била дел од неколку воени операции за ослободување на Македонија и на Србија. Страцинско – кумановската битка која се одвивала од 8 октомври до 14 ноември 1944 година била паралелна со операцијата Ниш, операцијата Косово, операцијата Брегалница – Струмица, а во сите нив имало бугарски, албански, грчки и југословенски партизани. Во битката Страцин – Куманово учевствувале и бугарските воздухопловни сили. Борбите продолжиле долж реката Пчиња и во градот Куманово каде повторно биле поразени германски војници. Утрото на 14 ноември 1944 година биле расчистени последните гнезда на германскиот отпор во Скопје, а информацијата дека градот е заземено од бугарската војска заедно со партизаните е објавена на Радио Москва, Радио Лондон, Гласот на Америка и Радио Софија.

Ова се некои запишани факти од историјата, кои можеби на многумина нема да им се драги, но тие не може да се променат или сокријат. Поважно е она што го нагласува Заев, дека мора да се има капацитет за минатото за да се простат некои работи, за да може заеднички да напредуваме кон иднината.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мастрафот си ти

May 10, 2025
Фото: Муцунски на X

Муцунски дел од министерскиот состанок на Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот по разговорите со посредство на САД

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk