ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

До вчера со каракачановци, денес најгласни Македонци

Најлесно е да се биде изолиран и сиромашен, непризнаен и непознат во светот. Ако оваа земја има непријатели, тие сигурно може да се најдат во неприродната коалиција од луѓе и структури, со силно втиснат антиевропски печат на челото.

November 27, 2020 12:56
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Дајте да бидеме реални. Какво фајде има нашата земја од „откровението“ на Бранко Црвенковски? „Папата“ во „стратешки“ момент решава да „проговори“ излегувајќи од длабоката сенка на својата баснословна претседателска пензија (иста како онаа на Ѓорѓе Иванов) и… Ништо. Сепак, изгледа дека сдсмовската „икона“ изгубила од својот сјај. И неговите најблиски му отсвирија аут, а неговиот повик СДСМ да се огради од изјавите на Заев за БГНЕС, неговата партија громогласно го отфикари по кратка постапка.

И не само СДСМ, туку и неброени знајни и незнајни „јунаци“ од политичката и јавната сцена. Тоа се случи толку брзо и во еден здив, што неговото „јавно обраќање“ падна во заборав само два часа подоцна. Не успеа ниту на Мицкоски и другите приврзоци на Груевски да им помогне да соберат троа повеќе луѓе на протестот со луксузни и помалку луксузни коли (и еден точак).

Е, па сега, вреди ли да се коментира „откровението“ на БЦ? Некој ќе го парафразира Џегер, па ќе праша кому му е потребен вчерашен весник… И самиот БЦ, во брзањето да го фати најпогодниот од сите моменти во изминатите години додека ужива во својата претседателска пензија, си даде автогол веќе во првата реченица кога напиша: „Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија“.

И најмалку заинтересираниот за македонската политичка џунгла, ќе праша каде бил до сега… Имаше режим, кражби на избори, тепање студенти, апсења, Сваровски судења… Зошто бившиот ни претседател сево ова време завиено со молк, ја прима таа убава, мрсна пензија, има канцеларија и ги користи доживотните привилегии на поранешен претседател на државата? Други, со малку подолго паметење, ќе постават уште едно логично прашање: Што направи тој за решавање на споровите за време на своето владеење како премиер во 90-те? Што направи потоа како претседател?

Но, доволно се изнаприкажавме за БЦ, да не отвораме стари рани, а ни најновата, со неуспехот да привлече внимание. И светот и Македонија се променија многу од денот кога тој влезе во „богатата“ анонимност на пензиониран претседател на државата. Поинтересна е констелацијата која се создаде околу идејата да се осуети добрососедството и европската иднина на земјата.

Најлесно е да се биде изолиран и сиромашен, непризнаен и непознат во светот. Ако оваа земја има непријатели, тие сигурно може да се најдат во неприродната коалиција од луѓе и структури, со силно втиснат антиевропски печат на челото. Нека се тие непријатели под наводници или без наводници, нека се со адреси во Москва, Софија, Белград, Будимпешта или Скопје, сеедно. Тоа што го гледаме овие години, по падот на Груевски, е чудно и неочекувано поврзување на неверојатни сојузници. Тоа се чудни сојузништва, но само навидум. Ако само малку се прочепка по неславните биографии или делови од биографии, заклучоците сами по себе ќе се наметнат.

Од „ликот и делото“ на водечките фигури во бугарската социјалистичка партија јасно можеме да ги прочитаме руските гримаси. И не се осамени во таа опасна политичка игранка која најголема штета ѝ предизвикува токму на Бугарија. Политички и бизнис интереси и мотиви, но и интереси поврзани со правосудните органи во повеќе земји во Европа, цврсто ги поврзуваат сојузниците. Секој од интересите, односно мотивите е повеќе од доволно силен, така што лесно е да се заборават и избришат сите разлики во ставовите, убедувањата и начините на дејствување. А и профитите лесно се делат, кога сите се задоволни по мрачниот поход. Прва жртва на овие структури секогаш се националните интереси на нивната сопствена земја, а за другите земји, нормално, ни петпари не даваат.

Токму така, националните интереси најлесно се жртвуваат, бидејќи личните интереси и подземните спреги секогаш се најсилни. По правило, токму патриотизмот и национализмот се користат како најефикасни орудија за постигнување на целите кои немаат никаква врска со националните интереси.

Погледнете ги луѓето на опозициското вемеро. Најгласни во нападот на Бугарија се оние што, заради лични и партиски интереси до вчера имале блгарско самочувствие. Како да не се истите луѓе! Оние што до вчера се сликаа со каракачановци и слични бабушки, беа дел од мрачниот режим, сега се најгласните Македонци и демократи. Каде е логиката? Не мора да има логика во постигнувањето на сопствените и партиските цели, а и бегството од правдата.

Кога возот кон македонската ЕУ иднина требаше да појде од перонот завиткан во тридецениски пајажини, се здружија и природните сојузници, и довчерашните лути непријатели. Линијата се протега од Москва, Софија и пар други балкански и европски центри, до белата палата и неколку други „палати“ расеани низ земјава.

Битката за иднината е жестока и неизвесна. Но, како што може да се види на улиците, во медиумите и на социјалните мрежи, мудроста, пријателството и иднината се во блага предност. Локомотивата е залауфана (läuft)… Можеби пругата е стара и полна со дупки од саботажите, но локомотивата дефинитивно е европска.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Мојата црвена линија на разумот е антифашизмот и тука нема компромис, трабанти СИКТЕР

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk