БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката историја на Бугарија, вели Катерина Колозова во својата објава на Фејсбук, алудирајќи на интервјуто на Заев за бугарскиот медиум и прави компарација како тоа би звучело ако Заев наместо Бугарија велел Германија.
Ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот идентитет и јазик. Тие две работи се комплементарни, вели вицепремиерот Никола Димитров.
Полициски час по 21 часот нема ништо да промени бидејќи тогаш е прилично празно. Не работат угостителските објекти и забрането е групирање на јавни простори, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во моментот не се размислува за воведување на дополнителни мерки.
Сепак Мицкоски не се извинил за тепањето на Села. Најавените коалициони партнери Таравари-Мицкоски си забиваат „ножеви во грб“ – Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, вели дека не се извинува за тепањето Села.
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.
Во ФРОНТ, колумна на Сашо Орданоски со наслов: Кошмарен дрим тим против Заев. Се чини дека шансите на Заев политички да го преживее своето, веќе прочуено, недоквакано интервју за БГНЕС нагло пораснаа, откако на теренот на домашната политичка сцена истрча најдобрата петорка во дресот на неговите доживотно огорчени непријатели.
Во ESSPRESO, Петрит Сарачи пишува – Има разлика меѓу ораторство и орање. Заев не е најдобриот оратор што го имала Македонија. Ама, за овие што се собрале да го рушат, Заев е политичка величина.
За македонскиот јазик и идентитет не се преговора, Берлин оптимист за првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот, изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Ј. Ѓ.