Штип се грижи и ќе се грижи за секој еден свој жител. Солидарноста, хуманоста и посветеноста се нашиот столб и во тој дух ќе продолжиме да работиме. Дел од нашата програма е и реализацијата на проектот 100 штипски куќи во населбата Света Недела за социјално загрозените семејства. Ова значи нов топол дом за нашите граѓани, на кои им се решава животно прашање – стекнување на свој дом, изјави кандидатот за градоначалник на Штип на претстојните предвремени локални избори, д-р Сашко Николов.
„Во време на светска пандемија која остава и здравствени и економски последици, наша одговорност е да направиме сè во наша моќ, да ги поддржиме сите нашите граѓани. Самохраните родители и натаму нема да имаат обврска да плаќаат за престој на нивните деца во градинка.
Во соработката со Здружението на слепи лица продолжува договорот за ослободување од наплата за водоснабдување. Никој не е сам!
Како градоначалник ќе се посветам целосно на заштитата на јавното здравје, поддршка и помош на сите граѓани кои се во потреба и на долг рок на создавање квалитетни услови за живот и работа за сите од најмладите до највозрасните. Тоа е моја обврска, тоа е мојата заклетва пред вас. Штип заслужува да е во сигурни раце!
На прес конференцијата која се одржа на плоштадот Слобода пред промотивниот штаб на СДСМ Штип, поддршка даде и Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.
С.М.Ж.