ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Рефлекси без дух

November 29, 2020 14:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Историјата на светската политика познава поограничени луѓе од Христијан Мицковски, не многу поограничени, затоа што само малку поограничените од него, веќе не се во зоната на хомо сапиенсот, но не познава, верувајте ми на зборот и на науката што сум ја учел, поголема разлика меѓу ограниченоста, глупавоста и безначајноста на еден поединец и вниманието со кое го опсипува општеството.

Таа разлика е индикативна за состојбите на македонскиот дух, односно покажува дека духот, за жал, повеќе не живее тука.

Ниту во Христијан, ниту во општеството.

Христијан ги сведе четирите елементи на кои Хераклит го беше оставил светот, на еден: Заев!

Јебо те Заев да те јебо, би рекол дедо ми Атанас Малешевски.

А Македонецот, кој реши таа мантра да ја прима три пати на ден цели три години, се сведе на својата несреќа. Христијан тука не е изрод, туку е типичен претставник на видот. Не само поради приемот на тој и таков скот во својот културен, политички и морален свет, се разбира, не, но таа релација е многу сигнификантна. Таа покажува дека несреќата на Македонецот не му е несреќа на лошиот живот или на тешките проблеми кои му се паднале за решавање, односно не му е само тоа, туку пред се му доаѓа од немоќта да се осознае себе си над својата фолклорна форма, што би рекол Лазар Попов, над форматот на куќните слави. Да разбере каде е, што му се случува и зошто му се случува тоа што му се случува, има ли смисла сето тоа, што му е нада чинити, треба ли да се измести од позата на нарикача над сопствениот гроб во кој се уште не му се влегува.

Или му е време да скокне во него.

Отсуството на стил е индикатор за умреноста на духот.

Племе кое на идентитетот гледа како на пченка што му ја напаѓаат дивите свињи. Тој се амнестира од состојбите на идентитетот и во идентитетот, од одговорностите за запуштеноста, нехигиената, болестите на кои идентитетот како и секое живо битие бил изложен, тој чува стража пред куќата во која идентитетот умира. Ако не е и умрен.

Но, да го оставиме Мицкота и лопатките што му го стеснуваат видот, вморонската клучалка низ која таа будала го гледа светот. Никаде, драги мои, ама баш никаде нема да можете да сретнете толкување на оваа драма над селските и гранапски теми за предавниците, фашистите, комунистите, бранковистите, заевистите, вмровистите. Ништо над тоа ниво на пештерскиот човек кој сака да ја убие жена си затоа што мисли дека е трудна затоа што се ебела со лавот.

Комплетната пирамида на македонското постоење е испразнета од сета духовност и културен багаж. Никој нема никакво мислење за суштината на нештата. За суштината на животот, на постоењето, на неговите временски, морални, политички и други димензии. Армијата професори, институти и академии се тајсони кои се ангажирани да го фрлат на подот Заев и да ги нокаутираат Бугарите, комплетната наука е претворена во регистратор на промакедонските белешки, сите се библиотекари на постоењето, индијана џонси на беневолентни реплики, факти, митови и лаги, тие ги редат коскичките на македонскиот тираносаурус, но нема кој да му го залепи месото, односно има мајстори и за месото, ама нема мајстори за духот. Целата поезија е срцепарателна функција на раѓачката нација и поради тоа, главно, не е поезија, исти е курацот и со романите и со сликарството и со музиката.

Затоа што од почетокот заборавивме да се дистанцираме од себе во името на науката и уметностите.

Од црквата и скапаната афтокефалонст во името на верата.

Заев е единствениот политичар кој се нафатил да  ја измести Македонија од заспаноста на јастукот на потрошените илиндени. Хорхе беше обична будала во функција на злосторничката инсталација на Груевски, Бранко беше добар манекен за црвените килими со построени гардисти, Љупчо беше селанче желно  за виенски балови, Киро ја лапна независноста како млада мома и цело време внимаваше да не ја штипе пресилно и да не некој му ја земе од колената.

Жмицко не е ништо.

НЛО над телевизиското небо.

Свети, трепери, јаде говна и за разлика од вистинските НЛО, не исчезнува.

Мајку му негова.

Тоа е историјата на македонската транзициска политика.

Една обилна вечера на која се черечи младата кокица во сос од заглупавени медиуми и обезмозочени граѓани и селани.

Бугарите го будат примарниот инстинкт на нацијата, но ништо над тоа.

Освен Заев.

Сé е мртво.

Само короната не се дава.

По обидот за убиство на премиерот, нацијата се созеде и своите забелешки почна да ги култивира на нивото на дикцијата, интонацијата, гестикулацијата. Тоа е многу добар знак. Макар што луѓето повеќе ги слушаат своите очекувања и смртоносни проекции изградени во рамките на националниот фатум, отколку неговите зборови. Но, и натаму ми фали промислување, филозофија на моментот, драматуршка рефлексија,  музика, политиколошка проекција, внатрешна рефлексија, стравот кој се издигнува и расејува во радост и енергија, преиспитување на самите темели, да, да, еве го денеска е Ден на Републиката, па ми доаѓа да се сетам дека Историјата ни даде 80 години да направиме нешто од себе и со себе, и да се прашам, зошто и како успеавме да ја испокакаме таа шанса, можеме ли да се прешалтаме и со некоја итарпејовштина да го измамиме времето, да ви го ебам вемерото,  и да ќариме уште две слободни фрлања за финалето на лигата на нациите.

Заев го прави тоа.

Не толку против Бугарите, колку против своите. Против нас, јебо вас морски пас.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk