Овие денови имам средби со млади луѓе, имав средби и со млади од Штип, и изненаден сум какви бизниси имаат младите таму. Навистина се мотивирав од нивната енергија, креативност, иновативни идеји… Тие започнале во скромни услови и со малку пари, но нивните бизниси се трансформирале во извозно ориентирани, па некои извезуваат и во 30- 40 држави. Иако имав многу состаноци во текот на денот, сепак го завршувам денот мотивиран. Иако ние сме научени да ги комуницираме само лошите приказни, сепак имаме позитивни примери со млади визионери, полни со елан.“- изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ, по состаноците со групи млади во Штип.
Тој во интервјуто за социјалните мрежи истакна дека и кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ има своја лична визија и затоа е најдобриот избор за штипјани на следните локални избори.
„Гледам многу јасна визија, а тоа е важно за секој полтичар. Николов има лична визија. Кога тој настапува се гледа дека има одлична замисла и личен печат на работите. Јас сум нов во политиката и сметам дека е важно кадрите како Николов да влегуваат во политика. Има стекнато искуство кое сега треба да го искористи за доброто на граѓаните.“- апелираше Петров до штипјани да излезат на изборите и да изберат европски градоначалник со визија.