ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Разобличена е антимакедонската и антиевропска кампања на ВМРО-ДПМНЕ

December 4, 2020 08:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Црниот пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, познат како „Бетмен“, на 1 декември објавува твит со монтирано видео од стари изјави на Бучковски дадени на 30.04.2020 (за „Радио Европа“) и на 16.02.2019 (за БГНЕС).

Богдан Илиевски

Во текстот од твитот на Бучковски злонамерно му се припишуваат изјави кои што не ги кажал, а кои понатаму се пренесуваат во идентичните наслови на „Република“ и „Курир“: „Македонците постојат од 44-та, а Бугарите се постар народ, вели Бучковски, кого Заев го одбра да нè брани“ (Република, 02.12.2020 / 10:23) / „Македонците постојат од 44-та, а Бугарите се постар народ, вели Бучковски кој Заев го одбра да нè брани“ (Курир, 02. ДЕКЕМВРИ 2020. @ 11:07).

Црната пропаганда оди дотаму што „новинарот“ Бранко Героски објавува колумна клеветејќи го Бучковски дека дал интервју како специјален претставник: „Професоре Бучковски, Ви го одземам правото да преговарате со Бугарија во мое име и во име на мојот народ!“, против „крајно спорните и опасни тези што ги изнесовте во Вашето последно интервјуто за бугарски медиум, чиј дел е пренесен во твитот објавен на крајот на овој текст“ (твитот на пропагандистот на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за оцрнување на Заев).

Подоцна Героски објавува исправка и извинување до Бучковски и до медиумите, но воопшто не се извинува на сите читатели и граѓани што ги доведе во заблуда: „Интервјуто на г-н Бучковски е дадено за Телевизија Европа, а не за агенцијата БГНЕС, како што беше претходно напишано. Извинување за ненамерниот превид до него и до двата медиума“.

Меѓутоа, секој новинар знае дека тука нема простор за „ненамерен превид“, туку за флагрантно кршење на новинарските стандарди преку намерно објавување на пропагандно-оцрнувачки тези од Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на оваа антимакедонска и антиевропска кампања на Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ е да се направи штета на преговарачкиот процес, да се влошат односите со Бугарија, и да се загрози нашата иднина во ЕУ.

Героски, во меѓувреме, имаше изјава која ја објавија неколку портали:

„Овој превид суштински е небитен за тезите на Специјалниот пратеник со кои полемизирам. Во мојот коментар нема говор на омраза или било каква нетрпеливост. Самиот професор Бучковски ми најави дека полемиката ќе ја продолжиме.За жал, агенцијата БГНЕС, во остар коментар ме обвини за “фабрикување” интервју и за говор на омраза. Тоа е тажно, бидејќи со сопственикот на агенцијата Љубчо Нешков многу добро се познаваме и тој најдобро знае дека таквите обвинувања на моја сметка се не само неточни, туку и бесмислени“, стои во реакцијата на Героски.

Тој вели дека некои македонски медиуми ова го користат за да го поткрепат обидот за негова лична дискфалификација и за спречување на јавната дебата за суштината на отворените прашања меѓу Скопје и Софија.

Д.Е.

Next Post

Собјанин: Москва подготвена за вакцинација, почнува пријавување на граѓаните

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk