ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Над 100 приведени во Атина поради забраната за собири на годишнината од убиството на Григоропулос

December 6, 2020 19:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Над 100 лица денеска се приведени во Атина, во повеќе одделни случаи, поради забраната за секаков вид собири на четири или повеќе лица на одбележувањето на 12-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициското присуство беше оромно во грчката метропола, особено во населбата Ексархија, каде што во 2008 година беше убиено тогаш 15-годишното момче од страна на полицаец.

При секаков обид за собир, полицијата експресно интервенираше, а во еден случај, употреби и шок бомба, бркајќи неколкумина демонстранти кои претходно се обидоа со платнен транспарент да протестираат, а потоа побараа засолниште во една од околните згради. Пристапот до местото каде што беше убиен Григорпулос е забранет за сите, дури и за новинарските екипи.

Членови на организации и здруженија, кои се обидоа, мирно да пристигнат до местото и да остават цвеќе, наидоа на полициски блокади, а веднаш потоа беа и приведени.

Грчката полиција вчера соопшти дека „поради апсолутната потреба за справување со сериозната опасност по јавното здравје и во рамките на вонредните мерки за справување со ширењето на Ковид-19“,  од пет часот утрово, за да се избегнат традиционалните масовни протести, забранети се собири на четири или повеќе лица, а за прекршувачите се предвидени казни од 300 до 5.000 евра.

Паралелно освен забраната, Атина е под строги безбедносни мерки, со затворени десет метро станици, ангажирани над 4.000 полицајци, дронови, хеликоптери и цистерни со вода за растерување демонстранти.

Секоја година, на 6 декември во Атина, но и во други грчки градови, се одржуваат масовни протести во чест на Григоропулос и против полициското насилство, со оглед на тоа дека во 2008 година, момчето беше смртно застрелано од полицаец, но оваа година, поради карантинот изостанаа собирите.

Next Post

Демант од Влада: Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет, веста е лажна

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk