„Малку е политичка шизофренија ова денеска што го чувме, тие велат вие сте предавници ги предадовте македонските интереси, затоа треба да поднесете оставка, после велат не успеавте да испорачате европска иднина затоа треба оставка, а истовремено велат не исклучуваме дека тука има проблем со друга држава… Убаво ќе беше својот капацитет, своите пријатели, својата мрежа да ги вклучат во овој напор што треба да биде национален и кој што нема друг исход, а тоа е дека ќе ја европеизираме нашата Македонија и ќе си го задржиме нашето право на самоопределување што е чисто наша работа и затворена работа, сега и во светската карта во ОН како македонски народ кој зборува македонски јазик“- изјави Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, на вестите на телевизија Сител.
Тој смета дека опозицијата би покажала интерес за иднината на државата само ако се ангажираше да го помогне процесот, а не да се радува на лошите вести за европските процеси.
„Ние сме отворени, јас лично сметам дека секој кој што мисли дека има концепт, пријателства, контакти, тежина и сака да се вклучи во овој процес на овие линии е добредојден, убаво ќе беше да имавме сличен пристап и од опозицијата која што овие денови едвај чека да чуе лоши вести, ако нема лоши вести често знае да ги измисли“- заклучи Димитров.







