САД се подготвува за нови санкции кон повеќе кинески владини претставници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг.
Санкците најверојатно ќе бидат воведени овие денови кон 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство.
– Кина секогаш се спротивставувала и силно го осудувала мешањето на САД во внатрешните работи на Кина преку Хонг Конг, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг одговарајќи на наводите за евентуални санкции кон кинески претставници.






