ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почина Георги Константиновски, еден од најзначајните македонски архитекти

Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен Домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина и многу други објекти  остануваат да сведочат за неговото дело и за зрелата мисла на македонската архитектура, своевремено. Во 2016та година стана  и почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

December 11, 2020 21:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Георги Костадинов, доајен на македонската архитектура починал на 8 декември, на 90 години, а веста за неговата смрт денеска е објавена во јавноста.

„Неговиот лик и дело ја задолжија македонската архитектура, оставајќи наследство кое има локално, регионално и меѓународно значење. Се повеќе неговите дела предизвикуваат внимание кај оние кои го истражуваат периодот на бруталистичката архитектура. Архивот на град Скопје, студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина и многу други објекти остануваат да сведочат за неговото дело и за зрелата мисла на македонската архитектура, своевремено. “, објави македонскиот специјализиран сајт за архитектура МАРХ.

Роден е 1930 година во Крагуевац, дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје на одделот за архитектура, а во 1965 станува магистер  на унивезрзитетот Јеил во САД. Бил професор и декан на Факултетот за архитектура во Скопје. Во 2016 година стана и почесен член на МАНУ.

Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Архивот во Охрид, Архивот во Штип, Спомен Домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина и многу други објекти  остануваат да сведочат за неговото дело и за зрелата мисла на македонската архитектура, своевремено. Во 2016та година стана  и почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.

„Книгата со целокупниот материјал не биле никогаш објавени поради фактот што тогашниот директор на печатницата ‘Нова Македонија’ отсечно одбил да печати книги поврзани со американска архитектура“, стои на Википедија за Константиновски.

Во матичната книга на Архитектонски факултет во 1965 година, се појавил на час по матичниот предмет каде се соочува со потешкотии во врска со нострификација на дипломата од Универзитетот Јејл. Избран е за доцент на Архитектонски факултет во 1972 . Во периодот од 1968 до 1995 се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година на Белградското триенале на светска архитектура бил прогласен за најдобар архитект на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти.

„Неговиот лик и дело ја задолжија македонската архитектура, оставајќи наследство кое има локално, регионално и меѓународно значење. Сè повеќе неговите дела предизвикуваат внимание кај оние кои го истражуваат периодот на бруталистичката архитектура. Извонреден во својата професија, одличен педагог (омилен професор на многумина) и вистински архивар на македонското градителско наследство. Тој покрај сопствената работа, грижливо ја истражувал и архивирал домашната сцена преку повеќе изданија“, стои во објавата на специјализираниот веб-сајт за македонска архитектура „МАРХ“.

Next Post

Утре во Штип ќе гласаат болни, немоќни, осуденици и лица во геријатриски домови

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk