ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври, не исплатиле плата за 338 вработени

December 14, 2020 16:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната Прес-конференција, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец Октомври 2020 година.
За месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања БФП-ИП/2, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984 денари, за вкупно 61,556 вработени. Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020 во износ од 5.271.771 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.

Овие работодавачи се од дејностите:

40 работодавачи од дејноста Трговија на мало, примиле финансиска помош од 968.254 денари и на 63 вработени не исплатиле плата,

23 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 830.614 денари и на 55 вработени не исплатиле плата,

12 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 418.512 денари и на 25 вработени не исплатиле плата. Тука влегуваат и дејностите Трговија на големо, Изградба на згради, Трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли.

По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од : Скопје 52 фирми, Тетово 41 и Гостивар 15.
Вкупно 24 даночни обврзници, за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, и за 506 вработени примиле финансиска поддршка во износ од 2.005.437денари, но не извршиле доплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 99.186 денари.

Овие компании се од дејностите Трговија на големо, подготовка на оброци и служење на храна, останата производствена индустрија и други. По региони најголем дел од овие фирми се од: Скопје 3 , Битола 3 , Гостивар 2 , Неготино 2.
На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени се опомени за неисплатена плата, по што следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Согласно Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено -економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на микро правно лице, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност на мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средно правно лице и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на големо правно лице.

По однос на компаниите кои не ја исплатија платата за месеците април, мај и јуни 2020 година, Директорката информираше дека е спроведена присилна наплата заради неисплатена плата, а плата не исплатиле 55 работодавачи за месец април, 48 работодавачи за месец мај и 82 работодавачи за месец јуни. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.

149 работодавачи немаат исплатено плата само за еден месец, 25 работодавачи немаат исплатено плата за два месеци и 5 работодавачи немаат исплатено плата за сите три месеци (април, мај и јуни). За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка. И овие листи на обврзници ќе се достават до Генерален секретаријат на Владата на РСМ за објава.

,,Кај работодавачите, кои примиле износ на финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата на работниците, започнуваме со вршење на детални контроли, по сите видови на даноци, а истите ќе бидат и координирани со Државниот инспекторат за труд.
Во претходниот период, работевме на продлабочување на соработката со Државниот инспекторат за труд и покрај овие контроли за финансиската поддршка, ќе следи и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно со закон. Листата на компании кои примиле износ на финансиска поддршка за месец октомври, а не ја исплатиле платата на работниците, исто така ќе биде денес доставена до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите. Листата овој пат нема да може да се менува, независно дали по објавата некој обврзник направи исплата на плата за своите вработени,,.- рече директорката Сања Лукаревска.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Градски и шумски приказни - нова книга со раскази на авторката Мимоза Петревска Георгиева

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk