Книгата поезија Promised Land (Ветена земја) од македонскиот книжевник Стефан Марковски периодов се најде меѓу највисоко рангираните поетски збирки на Амазон, каде беше објавена минатата година. Во рамки на категоријата Европска поезија, книгата, достапна во печатена и Kindle верзија го достигна 12. место, во друштво на европските поетски класици.
Песните застапени во изборот се од четири поетски книги на авторот – Хипербог, По трагата на белиот грифон, Сиво сјаат вселените и In Nomine, а некои од нив се интерпретирани на YouTube во изворната македонска и во англиска верзија, но и како музички адаптации.
Покрај Амазон, изборот од поезијата на Марковски е достапен и на повеќе други е-платформи ширум светот, како Barnes and Noble, Booktopia, Kobo, Mondadori, Adlibris и тн.