На 58-годишна возраст, како последица од ковид 19, почина поранешниот македонски кошаркар, Марјан Лазовски.
Екс играчот на МЗТ Скопје, и некогашен селектор на машката и женската репрезнетација ја загуби битката со Коронаврусот.
Лазовски ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела.
Човекот кој што како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички, кој ете, денеска ни остави само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката.