ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Развојот на настаните е крајно опасен, смета Крихбаум, бугарските барања надвор од параметрите на Договорот од 2017 година, вели Пендаровски…

December 19, 2020 12:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Крихбаум: Развојот на настаните е крајно опасен и ова им го кажав многу јасно на нашите бугарски пријатели. Долги години, Германија интензивно работи на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и го иницираше таканаречениот „Берлински процес“ за оваа намена. За нас, европската перспектива на целиот регион не е доведена во прашање, вели Крихбаум за Дојче веле.

Советот на ЕУ не ги усвои заклучоците за „погрешно толкување на историјата“, бугарските барања излегуваат од параметрите. Според дипломатите во Брисел барањето на Чешка и Словачка не е примено со незадоволство и се изразува разбирање за нивниот став, освен во Софија.

Пендаровски: Бугарските барања излегуваат надвор од параметрите на договорот од 2017 годинa. Според Пендаровски, претходно немало никаква најава од Бугарија дека ќе излезе надвор од Договорот од 2017 година, во кој формулацијата за јазикот е препишана од Декларцијата 1999 година меѓу Костов и Љупчо Георгиевски.

Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ. Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, кажа Вучиќ.

Царовска: За прв пат воспоставуваме национални стандарди што секое дете треба да постигне со завршување на деветтолетка. Министерката објасни дека националните стандарди се однесуваат на осум подрачја,  јазична писменост; користење други јазици; математика, природни науки и технологија; дигитална писменост; личен и социјален развој; демократска култура и граѓанство; претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура.

Царовска: Наставници ќе може да аплицираат за наставник-советник, како највисоко ниво во кариерата. Тој наставник излегува од настава, бидејќи е најдобриот, најквалитетниот којшто знае да создава материјали и да ги подучува другите наставници на кој начин да го пренесат своето знаење. Истите тие ќе бидат назначени пред имплементацијата на новата концепција…За нив ќе бидат обезбедени средства, бидејќи тој излегува од настава и добива покачување на плата“, рече Царовска.

Ајрулаи: Македонските ученици ќе може да го изучуваат албанскиот јазик како изборен предмет. Албанскиот јазик и претходно се нудеше како дополнителен предмет, но повеќе факултативно. Сега со новата концепција ќе може да се одбере за изучување како втор странски јазик, после англискиот, како што досега учениците ги бираа германскиот, италијанскиот и слично.

ДСЗИ со вонредни инспекции за млади кои му подлегнаа на Ковид-19, вакцината ќе пристигне истовремено со земјите од ЕУ. Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања. Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти.

Заев: Економскиот развој на Ресен го заживува преспанскиот регион, кој е голем туристички потенцијал . Премиерот Заев рече дека нему му е особено драго кога е во посета на успешни економски приказни, како што е фабриката „Свислион“ во Ресен.

Рекорден број новозаразени со ковид 19 во САД, речиси 250.000 во еден ден. Според Универзитетот Џон Хопкинс, досега во САД се потврдени вкупно 17.459.296 случаи на коронавирус, а умреле вкупно 313.588 лица.

И.Т.З.
Next Post

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуана

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk